10 идеи за појадок

Print
10_breakfast_ideas

1. Згответе си свеж или смрзнат спанаќ во микробранова печка, одозгора турете јајца на око или белки од јајца и малку оцет-балсамико и послужете со свежо овошје како прилог.
2. Протеински шејк приготвен со протеин во прав, млеко со ниска масленост или млеко од соја и овошје
3. Немасно кисело млеко или урда, а одозгора свежо овошје и цимет или исечкан свеж зеленчук со малку свеж бибер, во зависност од тоа што повеќе сакате
4. Овесни снегулки приготвени со млеко од соја или со обично млеко; откако ќе ги сварите снегулките, додајте протеин во прав  и овошје
5. Загреани пченкарни тортиљи и одозгора црн грав; попрскајте ги со рендан кашкавал со ниска масленост и салца; и на крај додајте малку свежо овошје
6. Интегрално печено лепче намачкано со авокадо и парчиња мисиркини гради; свежо овошје
7. На тврдо тофу исцедете му ја водата, изронете го и пропржете го со малку маслиново масло и свеж зеленчук и билки; свежо овошје
8. Интегрални крекери попрскани со немасно рикота сирење, а одозгора парченца шумско овошје
9. Чаден лосос на тостиран интегрален англиски мафин; свежо овошје
10. Одличен појадок може да приготвите и со состојки што ви останале: мешани интегрални житарки, протеин и зеленчук

Сузан Бауерман е директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:30 | NAMP2HLASPX02