3 или 5 оброци?

Print
3 meals or 5?
3 или 5 оброци во текот на денот - важно ли е колку се? Некои луѓе едноставно одбиваат да јадат ужини и имаат само три оброка во текот на денот, и точка. Според нив, ужината е само лоша навика со која може да се покачи тежината. За разлика од нив, има луѓе кои велат дека со помали, почести оброци го контролираат гладот, па затоа е подобро да се јаде петпати дневно.

Дали е едната стратегија подобра од другата? Истражувањата треба допрва да го дадат конечниот одговор, дали е подобро да се јаде трипати или петпати дневно, дали е тоа корисно за здравјето... сето тоа ќе зависи од количината на енергија што се внесува. Со други зборови, ако сакате да слабеете, треба да внимавате колку калории внесувате. Ужините сами по себе не се лоши, под услов да не внесувате премногу калории.

Ако погледнете каква храна многумина ја сметаат за ужина – мрсни, солени, зашеќерени грицки како што се чипс, бисквити и слатки – јасно е зошто сметаат дека не треба да се ужина за да се контролира тежината.

Се разбира, има и многу здрава храна што може да се јаде како ужина – што претставува само една причина за поддршка на пристапот за помали, почести оброци. Тоа е практично – кога јадете повеќе оброци, имате поголеми шанси да ги внесете потребните хранливи материи. Ужините се шанса да внесете повеќе овошје и зеленчук, или можеби кисело млеко коешто е богато со калциум, или уште една порција со протеин.


Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е платен советник за Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.09.2017 08:34:20 | NAMP2HLASPX02