Рамнотежа и умереност

Print
balance_and_moderation

Ајде прво да почнеме со разновидноста. Ние, луѓето имаме потреба од разновидност. Сме еволуирале во околина со многу видови храна од растително потекло, инсекти и диви животни на копно и во вода. Инстинктот да избереме што ќе внесуваме од сè што може да се јаде во околината е начин на природата за да ги задоволиме нутриционистичките потреби.

Денеска сè уште го имаме истиот порив. Ова би функционирало одлично, ако избиравме само од растенијата и дивите животни. Но, ние не избираме само од нив. Имаме многу поголем избор на храна. Но, не секоја храна е добра за нас, а истражувањата покажуваат дека колку повеќе избор на храна имаме, толку повеќе јадеме. Всушност, разновидноста може да води кон здрава, добро урамнотежена исхрана – но, само ако го избираме најдоброто од здравите производи.

Умереноста обично значи да не се прејадуваме, но ова се однесува на храната без хранливи состојки, како што се мастите, колачите и алкохолот. Некои луѓе се навистина умерени во исхраната. На пример, тие си чуваат ќесичка колачи во шкафчето, но никогаш не ја губат контролата и не ги јадат сите колачи.

Но, постојат и луѓе што воопшто не знаат што значи да се изеде само едно колаче. Ако изедете едно, тоа ќе ве натера да земете уште едно, па уште едно. Овие луѓе можеби никогаш нема да научат да јадат умерено, па затоа може е подобро да го избегнат искушението. Затоа, за почеток воопшто не купувајте колачи.

Дали постои нездрава храна или само нездрав начин на исхрана? Според мене, и едното и другото. Јас имам лична листа на храна што мислам дека не е здрава и сметам дека треба и вие да си имате ваква листа. Дали ќе избереме да јадеме од оваа храна, или колку често ќе ја јадеме е лична одлука. Но, многу нездрава храна во чинијата води кон лош начин на исхрана.

На крај, треба да се трудите да се храните најправилно што може, најчесто што може. Исхраната треба да биде разновидна, но во најголем дел, треба да се избира од здравата храна што ни се нуди. Рамнотежа не треба да значи дека на нездравата храна ѝсе спротивставуваме со здрава, туку дека треба да постигнеме правилна рамнотежа на нутриенти. Ова значи да внесувате храна што му е потребна на телото за да биде здраво: чисти протеини, богати извори на јаглехидрати како што се овошјето, зеленчукот и житарките, и умерени количини здрави масти.

Ова не значи дека не смеете да се разгалите од време на време. Но, умереноста е веројатно најтешкиот дел од пораката за разновидност, рамнотежа и умереност што треба да се практикува. Тешко е да внесувате само тоа што ви треба кога искушенијата се на сите страни.

Сузан Бауерман е директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистрираннутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 15.12.2017 11:46:55 | NAMP2HLASPX01