Одговор на вашите прашања за јаглехидратите

Print
carbs100x100

ДАЛИ ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ ВИ СЕ НЕПРИЈАТЕЛ?
Во изминатите децении статусот на јаглехидратите се промени од вредни за пофалба до непријател при намалувањето на тежината. Но, дали навистина овие макронутриенти што се предмет на контроверзии се лоши за вас? Сузан Бауерман, Директор на обуката за исхрана во Herbalife смета дека може само да имаме погрешна претстава! Тие што се на диета без или со мало  количество јаглехидрати честопати ги избегнуваат добро познатите извори на јаглехидрати како леб, тестенини и компири, но дали знаете дека јаглехидратите се кријат и во други видови храна? Сузан вели: „Многу видови храна содржат јаглехидрати што е добро бидејќи јаглехидратите му се потребни на вашето тело како гориво.“

Но, Сузан брзо истакнува дека не сите јаглехидрати се исти, притоа објаснувајќи дека јаглехидратите што се необработени нудат најмногу придобивки, меѓу кои може да избирате меѓу  овошјето, зеленчукот, гравот и интегралните житарки како најдобри опции. „Покрај јаглехидратите, овие видови храна содржат витамини и минерали, “ додава. „И во случајот на храната од растително потекло, обезбедуваат и растителни влакна.“

Јаглехидратите што треба да ги избегнувате се процесирани и рафинирани и се присутни во тортите, колачите, белите тестенини и лебот од бело брашно, како и некои солени видови храна меѓу кои спаѓа и пицата. „Овој вид храна има малку што да му понуди на телото освен калории,“ вели Сузан.  „Затоа има смисла да ги задоволуваме потребите за јаглехидрати од поздрави извори, бидејќи таму многу други нутриенти се исто така дел од пакетот.“

Зошто се важни растителните влакна?
Многу луѓе не се свесни дека растителните влакна се еден вид јаглехидрати и се сметаат за еден од најважните фактори во исхраната (*1). Растителните влакна се наоѓаат во храна како овошје, зеленчук и житарки и играат голема улога во нормалното функционирање на цревата.

На возрасните им се препорачува да внесуваат 25 гр. растителни влакна дневно (*2), но повеќето не внесуваат толкаво количество (*3). Вклучувањето на храна богата со растителни влакна и додатоци со растителни влакна во секојдневната исхрана може да ви помогне да ги почувствувате корисните ефекти од растителните влакна. 

Пробајте го Напитокот од овес, јаболко и растителни влакна. Се работи за здрав избор со ограничен број на калории што обезбедува 5 гр. растителни влакна во 1 порција. Знаете што е уште подобро? Има одличен вкус и не содржи шеќер!

 

1.Растителните влакна од овес придонесуваат за  зголемување на баластот на столицата.
2.EFSA Panel on Dietetic Products, Nutrition, and Allergies (NDA).EFSA Journal 2010; 8(3):1462.
3.73% од мажите и  87% од жените не го задоволуваат дневниот внес на растителни влакна: The National Diet & Nutrition Survey (NDND); volume 2, 2003.

1.Растителните влакна од овес придонесуваат за  зголемување на баластот на столицата.

2.EFSA Panel on Dietetic Products, Nutrition, and Allergies (NDA).EFSA Journal 2010; 8(3):1462.

3.73% од мажите и  87% од жените не го задоволуваат дневниот внес на растителни влакна: The National Diet & Nutrition Survey (NDND); volume 2, 2003.


Сузан Бауерман е Director of Nutrition Training at Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и овластен специјалист за спортска исхрана.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:42 | NAMP2HLASPX02