Креативни идеи за храната што ни останува

Print
creative_tips_leftovers


Дефинитивно, омилено јадење што го правам по празниците ми е мисиркина супа. Откако ќе го исчистам месото од коските, го ставам да се вари со кромид, целер, моркови, сол и црн пипер неколку часа за да се добие убава супа. Потоа може да приготвите супа со тестенини и мисиркино месо или да го додадете останатото пире од компири за да добиете кремаста супа. Малку сок од печеното месо ќе ѝ даде подобар вкус на супата – но додајте само малку, зашто содржи многу калории.

Мисиркиното месо може да се комбинира на милион начини, но ако сметате дека останало премногу месо и не може да го искористите за неколку дена, поделете го на неколку порции и замрзнете го. Одлично е кога го имате веќе приготвено за да го додадете во некои јадења како што се супи, тестенини или бурито. Еве еден поинаков рецепт на кој можеби никогаш не сте се сетиле – листови марула со мисиркино месо. Подгрејте го меленото мисиркино месо што ви останало со исечкан млад кромид и малку кинески сос „Hoisin“ и потоа ставете од смесата во листовите марула. Ова е лесна и освежителна замена за обичните сендвичи со мисиркино месо.

Сосот од боровинки е одличен за одозгора врз кисело млеко или за со овесни снегулки, или пак може да прелие врз мешавина од свежо овошје како брз десерт. Може и да го изблендирате со немасно крем сирење и да направите вкусен намаз за интегралниот тост. За појак вкус на сосот од боровинки му додавам малку ѓумбир, лук и сос од соја и го сервирам со риба печена на скара или со тофу. Вака има вкус на софистициран сос за месо на скара.

Ако оригиналниот специјалитет со сладок компир не е толку сладок, додајте од мисиркиното месо што ви остана и пропржете го со кромид и друг зеленчук во истиот сад. Сервирајте го со зелена салата и тоа е сè. Слатките компири се и основна состојка за одличен специјалитет со мисиркино месо што останало.

Од храната што ни останува, филовите и тавата боранија се храна што содржи најмногу калории, па затоа комбинирајте ги со мала количина друга храна и мешајте ги само со здрави состојки. Додајте домати од конзерва и исечкано мисиркино месо на филот што ви останал и пригответе полнети пиперки. А што да направите со тавата боранија? Подгрејте ја со бело вино или со бујон, а потоа додајте лук и буковец и измешајте ја со интегрални тестенини.

Сузан Бауерман е директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.04.2018 19:42:32 | NAMP2HLASPX01