Хранете се правилно за на лето

Подгответе се за на плажа со правилна исхрана.
Print
Lady-on-beach_100px-100px

Направете неколку едноставни промени во исхраната и цело лето ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.

1 килограм неделно е безбеден и достижен начин да се слабее. За да ослабите 1 килограм за една недела, во текот на денот треба да внесувате околу 500 калории помалку. Во половина килограм масни наслаги има околу 3500 калории, па ако секој ден согорувате по  500 од тие складирани калории, за една недела ќе изгубите околу половина килограм масни наслаги. Покрупните луѓе често може да намалат и повеќе – да внесуваат 750, дури и 1000 калории помалку во текот на денот за побрзо да слабеат.  

Подготвени сте да почнете?

Најдобар начин да го намалите калорискиот внес е со комбинација на исхрана и физичка активност. Не обидувајте се само со едното или само со другото. Како прво, луѓето со помали калориски потреби можеби не ќе можат да намалат 500 калории дневно, затоа што може да претераат (не треба да паднете многу под 1200 калории дневно).  Понатаму, ако намалувате премногу калории, не само што ќе ви биде потешко во помалку калории да ги внесете сите неопходни хранливи материи – туку нема да имате ни доволно енергија за вежбање. Тешко е да се намалуваат килограми и само со вежбање, зашто треба многу да се вежба за да се согорат 500 калории – на пример, цел час нон-стоп пливање.

  • Настојувајте да јадете храна богата со хранливи материи – тоа е храна со која во најмалку калории добивате најмногу хранливи материи. На врвот на списокот е зеленчукот, потоа следуваат порции со малку масти (риби и школки, живина, белки од јајца, обезмастени млечни производи, протеински додаток), а потоа следуваат овошјето и интегралните продукти.
  • За да го забрзате стартот, во текот на првите недела – две намалете и со интегралните продукти. Не треба целосно да ги исфрлите, но ќе заштедите многу калории ако ги сведете на една до две порции во текот на денот. Ако јадете доволно зеленчук и овошје, ќе внесувате доволно јаглехидрати како гориво за физичката активност.
  • Клучот е во внимателно броење на калориите, но тоа е често најтешко да се прави. Тоа е причината што заменските оброци толку добро функционираат  - не треба да броите калории зашто знаете точно колку калории сте внесле. Двапати дневно изедете протеински шејк направен со млеко и со овошје, а третиот оброк нека ви се состои од зеленчук и протеин.
  • Ужините нека бидат мали и богати со протеин (на пример, протеинско чоколатце или мало канче кисело млеко) и нема да мора толку да броите калории. 

Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е платен советник за Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:37 | NAMP2HLASPX02