Сè за протеинските шејкови

Print
everything-about-protein-shakes

Брз, урамнотежен оброк
Протеинските шејкови наменети да заменуваат оброк се одлични за луѓето што прескокнуваат оброци. Се прават брзо и лесно и ни обезбедуваат урамнотежена исхрана кога времето за приготвување оброци ни е ограничено.

Заменски оброк што помага за намалување на телесната тежина
Оние што се обидуваат да ја намалат телесната тежина, еден или два оброка во денот може да заменат со шејк. Покрај тоа што се практични, протеинските шејкови што служат како заменски оброк содржат ограничен број калории во една порција, па така полесно ќе го контролирате вкупниот број калории што ги внесувате во текот на денот.

Додаток за зголемување на телесната тежина
Оние што се обидуваат да ја зголемат телесната тежина може да пијат протеински шејк за да внесат дополнителна количина калории. Ако пиете протеински шејк меѓу оброците или пред спиење, тоа може да ви помогне на здрав начин да го зголемите внесот на калории.

За зголемување на протеинскиот внес
Уште една причина зошто да пиете протеински шејк е за да го зголемите вкупниот протеински внес во текот на денот ако ви е тешко да ги задоволите потребите од протеин само со оброците. Кога сами си ги приготвувате протеинските шејкови, може да си ја одредите количината протеин во шејкот според индивидуалните потреби.

Гориво пред и по вежбање
Многу луѓе пијат протеински шејкови по тренинг, но шејковите се корисни оброци и пред тренинг. Оние што вежбаат наутро најчесто сакаат да „си го наполнат резервоарот“ со лесен оброк, па протеинските шејкови се токму тоа што им треба.

За подобра рамнотежа во исхраната
Протеинскиот шејк е како празно сликарско платно. Може да му додавате секакви состојки што ќе ви помогнат да ги задоволите дневните потреби во исхраната. Многу е лесно, само додајте една порција овошје или зеленчук, а со соодветни додатоци може да си го зголемите и внесот на растителни влакна или здрави масти.

Изберете правилна комбинација за вашиот протеински шејк
Некои протеински шејкови се комплетни – направени се така што само треба да ги измешате со вода. Но,најчесто протеинските шејкови треба да се мешаат со млеко. Со комбинацијата шејк и млеко се добива готов шејк со кој се обезбедува правилна нутиционистичка рамнотежа.

Протеинските додатоци од животинско потекло содржат сурутка и казеин (и едното и другото се добиваат од млеко), како и протеин од белка од јајце. За оние, пак, што претпочитаат протеин од растително потекло, постојат додатоци што се добиваат од извори како што се соја, ориз, грашок или киноа.

Некои протеински додатоци содржат спој од повеќе протеини. Една од причините за ова е тоа што различни протеини се варат со различна брзина. На пример, протеинот од сурутка се вари побрзо од казеинот. И оваа комбинација од протеини што се варат брзо и бавно може да помогнат за градење и репарација на мускулите.

Друга причина е тоа што растителните протеини, со исклучок на сојата, не се сметаат за нутриционистички комплетни. Многу вегетаријански протеински додатоци содржат мешавина од неколку протеини од растително потекло. На овој начин, со готовиот производ се обезбедува целосно надополнување на есенцијалните аминокиселини и затоа претставува комплетен протеин. 

Многу протеински додатоци се ароматизирани, иако може да најдете и обични, без арома. На најголем дел од луѓето највкусни им се шејковите што содржат протеински додаток со некоја арома. Потоа ако им е потребно си додаваат дополнителна количина протеински додаток без вкус во шејкот.

Најголем дел од протеинските шејкови, ако се приготвуваат според упатството на етикетата,обично содржат околу 15 до 20 грама протеин во една порција.

Изберете со каква течност ќе си го правите шејкот
За да постигнете правилна рамнотежа во исхраната со шејкот, важно е да го приготвувате според упатството на етикетата.

Ако протеинскиот шејк треба да се прави со млеко:

  • Многу протеински шејкови се направени за да се мешаат со млеко и на тој начин со готовиот производ ќе се постигне нутриционистичка рамнотежа, како што имал намера производителот. Поради оваа причина за производите што се мешаат со млеко треба да се користи само кравјо млеко или млеко од соја.
  • И кравјото млеко и млекото од соја дополнително го збогатуваат шејкот со протеин – плус уште околу 9 грама. Овие млека содржат и дополнителни витамини и минерали што ги надополнуваат нутриентите во шејкот и го прават шејкот уште похранлив.

Ако протеинскиот шејк треба да се прави со вода:

  • Со вода треба да се мешаат само протеинските шејкови што се направени да се приготвуваат со вода. Самите овие производи се нутриционистички урамнотежени и не им се потребни дополнителни нутриенти од течноста со која се мешаат. Наместо обична вода можеда користите црно кафе или сварен чај.
  • Млеката од ориз, бадем, коноп или овес содржат многу малку протеин и затоа најчесто се користат за протеински шејкови што се мешаат со вода. Овие алтернативи за млеко ќе му дадат вкус на шејкот и ќе го зголемат бројот на калории во него, но содржат многу малку протеин.
  • Овошните сокови не го збогатуваат шејкот со протеин. Затоа и тие треба да се користат со шејкови што се направени да се мешаат со вода. Но, ако внимавате колкав број калории внесувате, имајте предвид дека  овошните сокови содржат голем број калории. Од друга страна, ако се обидувате да го зголемите бројот на калории што го внесувате, мешањето шејк со овошен сок може да биде добра опција.
  • Се разбира дека шејковите што се направени за мешање со вода може да се мешаат и со млеко или со соино млеко. Мешањето со млеко само ќе ја зголеми количината протеин, како и бројот на калории во шејкот.

    Пет додатоци за протеинскиот шејк

    Дополнителна количина протеин
    Иако протеинските шејкови веќе содржат протеин, ако имате потреба од голема количина протеин, може да си додадете. Се разбира дека може да додадете обичен протеински додаток, но може да додадете и производи како што се младо бело сирење со ниска масленост, јогурт, рикота или меко тофу за да ја зголемите количината протеин.  

    Овошје и зеленчук
    Ако додадете овошје и зеленчук во протеинскиот шејк, на лесен начин ќе додадете повеќе порции здрава храна во дневната исхрана. Смрзнатото овошје и зеленчук се практични и го прават шејкот погуст. Експериментирајте со различни видови овошје и зеленчук, на пример слатки зеленчуци како што се морковите или мускатната тиква. Пробајте различни комбинации како што се ананас со морков или банана со мускатна тиква. Ако сакате да пробате нешто поинакво, во шејкот додајте необични состојки, како што се ливчиња спанаќ или цвекло.

    Растителни влакна
    Најголем дел од протеинските шејкови не содржат голема количина растителни влакна и најголем дел од луѓето не внесуваат доволно растителни влакна, па затоа во шејковите додајте состојки богата со растителни влакна. Се разбира дека може да изберете специјален додаток со растителни влакна или може да се одлучите за овошје и зеленчук, овесни снегулки, трици или семки како што се сончогледот, ленот или семки од чиа – сите се богати со растителни влакна.

    Калории
    Ако треба да внесувате повеќе калории, може да додадете овесни снегулки, јатки, путер од јатки, авокадо или сушено овошје за да го зголемите бројот на калории во шејкот.

    Мраз
    Мразот е пријатен додаток на шејкот затоа што ја згуснува течноста. Мразот му дава и волумен на шејкот со што ја зголемува порцијата без да додава калории. Ова е одличен трик за оние што внимаваат на телесната тежина!

    Сузан Бауерман е Директор на обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и овластен специјалист за спортска исхрана.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:40 | NAMP2HLASPX02