И овошје, и зеленчук

Дали јадете и овошје, и зеленчук?
Print
Healthy-vegetables-fruits-nutrition

Зошто треба да јадете и овошје, и зеленчук?

Овошјето и зеленчукот ни нудат природни растителни соединенија кои ни помагаат да го одржуваме здравјето, а клучот е во разновидноста.

Ако не сте голем љубител на зеленчук, можеби си мислите дека тоа ќе го надоместите со големи количини овошје. Лесно е да се заклучи зошто го правите тоа – речиси секогаш ги спомнуваме заедно и, со оглед на тоа дека се тие здава растителна храна, природно е да се претпостави дека е горе-долу исто дали ќе јадеме зеленчук или овошје кога се работи за внесување на неопходните нутриенти.

Ова е донекаде точно. Витамин Ц ќе добиете и од  јагодичести плодови, а исто и од брокула; калиум има и во цвекло, и во банани. Меѓутоа, овошјето и зеленчукот содржат и голем број разнолични фитонутриенти – природни растителни соединенија што се добри за здравјето. Затоа е многу поверојатно дека ќе внесете поширок спектар фитонутриенти ако јадете и овошје, и зеленчук.

Фитонутриентите им даваат вкус и бои на овошјето и на зеленчукот. Ако погледнете колку различни вкусови и бои имаат овошјата и зеленчукот – без да гледате на нив само како на извор на витамини и минерали – ќе сфатите колку се всушност тие различни.

Јагодичестите плодови и брокулата, на пример, може да содржат слична количина Ц витамин, но имаат сосем различни профили на фитонутриенти. Овошјето ја добива црвената и виолетова боја од соединенија наречени антоцијани – кои во овошје ги има многу повеќе отколку во зеленчук. Од друга страна,  изотиоцијанатите се фитонутриенти што даваат им ја даваат интензивната миризба на брокулата, зелката и карфиолот – меѓутоа, овие соединенија со миризба нема да ги најдете во овошје. Еден друг природен пигмент, ликопенот, им ја дава богатата црвена боја на овошките како што е патлиџанот (да, тоа е овошје), розовата боја на грејпфрутот и гуавата, но во повеќето видови зеленчук речиси воопшто го нема.

Многу луѓе сметаат дека е исто дали јадеме само овошје или само зеленчук, или јадеме и овошје, и зеленчук – од овие примери видовме зошто е важно исхраната да ни биде разнообразна за да му обезбедиме на своето тело што е можно повеќе хранливи материи.

Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е платен советник за Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:58 | NAMP2HLASPX02