Колку протеин ви треба во текот на денот?

Print
How much protein is right for you?

Количината протеин што треба да ја внесувате секој ден зависи од повеќе фактори, како што е вашата тежина и колку мускули имате – не само дали сте маж или жена.

Секој човек има различни калориски потреби, па зошто тоа да не е случај и со протеинот? Сепак, луѓето се со различна големина, а нивната телесна композиција многу варира – затоа е логично дека многу ќе варираат и протеинските потреби. Не е логично маж од 100 кг. кој работи како градежен работник и вежба бодибилдинг да има исти протеински потреби како банкарски службеник од 68 кг. кој поголем дел од денот седи во канцеларија, а навечер лежи на каучот.

Протеинот е многу важен за одржување чиста телесна маса (со други зборови, сè освен масните наслаги), така што дневната количина протеин што треба да ја внесете донекаде зависи и од тоа колку имате чиста телесна маса. Најдобро е да утврдите каква е вашата телесна композиција (некои ваги ги мерат тие параметри) за да знаете колку имате чиста телесна маса. Потоа лесно ќе пресметате колку протеин ви треба, а тоа е 1-2 грама протеин на половина килограм телесна маса (односно, околу 2-3 грама протеин на 1 килограм телесна маса).

Протеинските потреби може да ги утврдите дури и без скала што ја покажува телесната композиција, доволно е да ја измерите тежината. Овој метод не е совршен – не се зема предвид колку имате мускулна маса – но барем се утврдува вашата телесна тежина.

Еве како да пресметате колку протеин ви треба:

  • Во тежински фунти: телесната тежина помножете ја со 0,7
  • Во килограми: телесната тежина помножете ја со 1,5

Бројката што ќе ја добиете претставува разумна количина протеин, во грами, што треба да ја внесувате секој ден.

Така, жена со 64 кг. треба да внесува околу 100 грама протеин дневно; маж со 110 кг. треба да внесува најмалку 150 грама протеин.

Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е платен советник за Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:36:41 | NAMP2HLASPX04