Како да се држите до новогодишните завети во текот на целата годи

Print
How to Make Your New Year’s Resolutions

Секое подобрување е добро

Можеби не вежбавте толку колку што планиравте да вежбате или не внимавате на исхраната толку колку што сакавте да внимавате. Но, ако сепак подобро ви оди споредено со претходната година, можеби тоа е затоа што сте успеале полека да отстраните некои навики. А тоа е супер – затоа што малите промени во начинот на којшто ги правите работите секој ден може навистина да доведат до голема промена. Продолжете да нижите сè повеќе вакви мали успеси и во оваа нова година.

Не преоптоварувајте се со премногу работи одеднаш

Убаво е да се биде амбициозен, но ако се обидете да воведете премногу промени одеднаш, голема е веројатноста да доживеете пораз. Лесно е да се направи план; тешко е постојано да се држиш до планот затоа што работите треба да ги правиш поинаку. Потребно е доста време за да се искорени лоша навика и затоа е повторувањето толку важно. Но, многу е полесно да повторувате мала, релативно лесна задача отколку некоја што ви се чини позитивно херкулска.  Плус, треба размислите што е она што ве попречува да напредувате и да размислите како да ги отстраните тие пречки.

Да речеме дека не ги чистите забите со конец толку често колку што би требало да ги чистите. Што ве попречува? И кои чекори може да ги преземете за редовно да ги чистите забите?  Прво, треба да се осигурате дека имате конец за заби дома. Потоа, треба да се погрижите конецот да ви биде пред очи кога ги миете забите. На крај, потребно ви е огледало за да гледате што правите.

Може да направите план наместо да го оставате конецот за заби во задниот дел од шкафчето со лекови, меѓу полупразните средства за лична хигиена, да си направите мал прибор за чистење заби. Во него ставете си четка за миење заби, паста, конец, а може и мало стоматолошко огледалце. Кога сè ќе ви биде практично ставено на едно место, голема е веројатноста секојпат кога ќе го земете приборот не само да си ги измиете забите, туку и да си ги исчистите со конец.

Отстранете ги пречките

Истото важи и за навиките во исхраната. Мора да размислите зошто не го правите она што планирате да го направите и како полесно да го спроведете планираното. Лесно е да кажете дека ќе јадете повеќе овошје и зеленчук, но тешко ќе го направите тоа ако дома не чувате овошје и зеленчук. И тоа не е доволно. Кога ќе обезбедите овошје и зеленчук дома, треба да најдете начин за полесно да ги консумирате. Може, на пример, да си ставите овошје во замрзнувач и да го додавате во протеински шејкови или да си чувате сад со овошје на шанкот во кујна што ќе ве потсетува дека е овошјето одлична ужина. Во фрижидер може да си чувате и исечкан зеленчук што ќе го гледате секојпат кога ќе го отворите фрижидерот за да каснете нешто.

Само внимавајте секоја промена што планирате да ја направите да биде промена за којашто знаете дека со сигурност можете да ја направите. Ако никогаш си немате понесено ручек на работа, мала е веројатноста дека ќе почнете тоа да го правите секој ден. Затоа, поставете си разумна и конкретна цел. Не „Почесто ќе си носам ручек на работа“, туку „Двапати неделно ќе си носам ручек на работа“. На тој начин на крајот од неделата лесно ќе видите дали сте си ја исполниле целта или не.

Сузан Бауерман е директор на обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 20.07.2018 17:09:55 | NAMP2HLASPX01