5 утрински навики за разубавување со кои треба да ви почне денот

Print
5_morning_beauty_habits_to_sta

 

Најважно: На телото му треба соодветно гориво за денот да ни почне на десна нога, а протеинот е клучен нутриент во појадокот. Со протеински појадок за ужина нема да посегаме по нездрава храна во утринските часови и нема да се прејадуваме на ручек.

 

Да позборуваме за антиоксидансите

Она што го нанесуваме однадвор на телото е подеднакво важно како и она што го внесуваме внатре во телото. Затоа, редовно користете производи за нега на кожата богати со антиоксиданси. Насекаде има слободни радикали: во загадениот воздух на којшто сме изложени секој ден и во голем дел од храната што ја јадеме. Дури и телото создава слободни радикали. Затоа, наутро мора да се нанесуваат производи за нега на кожата богати со антиоксиданси. Пред да излезете од дома, нанесете млеко за чистење, тоник, серум и хидрантен крем, па дури и млеко за сончање.

H2Oе правиот избор

Знаете колку е важна водата и колку е важно да се одржува хидрацијата на телото, но дали знаете дека е особено важно вода да се пие наутро? Секој час што го користите за доволно да поспиете е час во кој телото не добива вода. Кога ќе се разбудите на телото му треба хидрација. Кога сте дехидрирани, едноставно не сте во максимална форма. Па, нека ви биде утринска навика да испиете голема чаша вода кога ќе се разбудите. Тоа не само што ќе ви помогне да го хидрирате телото, туку и да го почнете денот на десна нога.

Вежби наутро за мирна ноќ

Ако почнете по малку да вежбате наутро, придобивки од вежбањето ќе имате и навечер. Одвојте време за кратка утринска прошетка, за пливање пред да одите на работа, а може и за неколку кругови со точак во маало.  Вежбањето наутро може да ви помогне подобро да спиете навечер. И не заборавајте, не се нарекува без причина сон за разубавување.

Сјајот по вежбање ќе ви даде младешки, блескав изглед со кој ќе го почнете денот. Па, нека ви стане навика да не го стискате копчето „snooze“. Ставете го будилникот далеку од вас за да треба да станете од кревет за да го исклучите. Ви звучи како мачење, нели? Но, кога ќе почнете да ги гледате придобивките, ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:36:52 | NAMP2HLASPX02