6 Митови и факти за млекото за сончање

Print
6-Sunscreen-Myths

Мит бр.1: Луѓето со темен тен не треба да користат млеко за сончање.

Без разлика дали имате темен или светол тен, многу е важно да користите млеко за сончање. Ако не си ја заштитиме кожата таа може да изгори и предвремено да остари, или да дојде до појава на рак на кожата. Немојте да си мислите дека, ако имате темен тен, може да ја прескокнете неговата употреба. Секој треба редовно да користи млеко за сончање, без оглед на бојата на кожата.

Мит бр.2: Ако користам шминка со заштитен фактор, нема потреба да нанесувам и млеко за сончање

Порано бев многу среќна што кога сум шминкана не мора да ставам млеко за сончање. Мислев дека сум сигурна, но за жал, сум се излажала. Подлогите за шминка, руменилата, бронзер-пудрите, сите тие содржат SPF, но тоа не е доволно. Шминката со SPF обично не се нанесува рамномерно. Размислете само колку брзо напудруваме со четката, или нанесуваме само мало количество од подлогата за шминка. Тоа не е доволно за да ни ја пружи соодветната заштита. Иако е добро тоа што сме нанесле повеќе слоеви шминка, многу е важно да ставиме и млеко за сончање. Изберете хидрантно млеко со SPF 30 за секојдневна употреба. Со еден едноставен потег ќе добиете и заштита и хидрација.

Мит бр. 3: Ако на млекото за сончање пишува дека не пропушта вода, не мора повторно да се нанесува

Млекото за сонце мора да се нанесува на секои два часа, а ако пливате или се потите, тогаш и почесто. Меѓутоа, лесно е да заборавиме да си ставиме млеко за сончање кога се забавуваме на плажа или покрај базен. Затоа, секогаш оставајте го на видливо место, па така нема да заборавате. Ако мислите дека и ова нема да помогне, направете си потсетник на вашиот телефон или на друг мобилен уред за да ве потсети. Ако сте како мене, млекото за сончање сигурно ќе го оставите најдолу во торбата за плажа, ама затоа телефонот ви е секогаш при рака.

Мит бр. 4: Млеката за сончање се користат само на одредени делови од телото

Ако е вашата кожа изложена на сонце, тогаш треба да нанесете млеко за сончање. Намачкајте ги и стапалата, ушите, грбот, рацете, нозете, вратот...на секој дел од телото што е изложен на сонце му треба заштита. Секогаш најмногу се грижам за лицето,  затоа што не сакам да ми се појават линии и брчки. Но, кога убаво си го погледнав телото, многу се загрижив. На рамениците и околу деколтето забележав неколку темни дамки. Дури и нозете ми се оштетени од сонцето, зашто ги запоставив во несвесната потрага по совршен тен. Загрижена сум и за горниот дел на дланките, затоа сега секогаш си чувам шишенце со млеко за сончање во држачот за чаша во автомобилот. Млекото за сончање е за секој дел од телото што не е покриен.

Мит бр. 5: Млеката за сончање за возрасни не заштитуваат исто како оние наменети за деца

Млеката за сончање ги содржат истите активни состојки, без разлика дали се наменети за деца или за возрасни. Ако споредите два производи со ист заштитен фактор, дали за деца или за возрасни, заштитата што ја нудат е еднаква . Меѓутоа, постојат различни формулации во составот, бидејќи млеката за сончање за деца имаат поблага формула и се наменети за почувствителна кожа. Може да бидат непарфимирани и да не содржат парабен. Повеќето производи за деца се направени да не предизвикуваат солзење со цел да се избегне печење во очите.

Мит бр. 6: Млекото за сончање што сте го купиле минатата година, може да го користите и оваа година

Ако ви останало млеко за сончање од претходната година, фрлете го, за ваше добро. Како прво и најважно, млекото за сончање користете го секој ден, па така нема да ви остане неискористено. Непишано правило е дека млекото за сончање не е сезонски производ, туку треба да се користи во текот на целата година. Секогаш проверувајте го рокот на траење на производот.  Датумот за истекување на рокот може да го најдете на самата етикета на производот или втиснат на амбалажата. Ништо не трае вечно, па така со тек на време и млекото за сончање ја губи својата ефикасност. Внимавајте на рокот на траење и бидете сигурни дека нанесувате производ кој навистина ќе ви ја заштити кожата.


Автор: Џеки Картер, стручњак за убавина.

Џеки е директор на Одделот за нега на кожата и телото во Herbalife.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:49 | NAMP2HLASPX02