7 совети за убавина на лето

Print
7_Summer_Beauty_Tips

Внимавајте колку долго останувате на отворено
Ако сте биле надвор подолго време, направете пауза и скријте се под сенка. Заштитете го лицето со очила за сонце, со шешир и стекнете навика да се мачкате со млеко за сончање секој ден. Ова се важни навики што треба да ги практикувате преку целата година.

Бидете креативни со изгледот на косата
Долгата коса што го покрива вратот ја крева телесната температура за еден или два степена. Кратката коса е одличен начин да се избегнат жештините. Но, ако тоа не е ваш стил, фатете си ја косата високо, во кок или сплетете ја во различни варијанти од класичната плетенка.

Ставете уште нешто во фрижидерот
Фрижидерот не мора да ни служи само за ладење храна. Преку лето во него може да ги чуваме и хидрантниот крем и спрејот за тело. Нанесувањето разладен производ веднаш ќе ве освежи. Хидрантниот крем може да се чува во фрижидер и во зима.

Ставете мраз на точките на притисок
Еве еден брз, забавен трик што навистина функционира: ставете ладен пијалак или коцка мраз на зглобот на раката или на вратот. Разладувањето на овие точки на пулс ќе ве разлади по цело тело кога е многу жешко. Ако се разладувате, помала е веројатноста да ви се растопи шминката.

Користете спреј со морска сол
Користете спреј со морска сол за да ја освежите косата и да го одржувате скалпот сув. Служи како природен производ за обликување што ја прави косата таласеста и ѝ дава волумен. Спрејот со морска сол може да се најде во сите парфимерии, а може дури и сами да си го направите.

Нанесете спреј за лице
Ако сакате брзо да се разладите по сончевиот ден, ставете си спреј за лице. Веднаш ќе ве разлади и ќе ве освежи. За уште подобро чувство, изберете спреј со омилениот мирис – како нане, билки или лаванда и веднаш ќе се почувствувате посвежо.

Внимателно избирајте ги козметичките производи
Кога станува збор за шминка, изберете едноставен изглед. Според летните трендови за убавина, треба да нанесете лесна шминка на очите, но ако сакате да биде повпечатлива, дискретно нанесете моливче или сенка за очи. Мат ефектот на усните изгледа одлично на влажната кожа во лето, па затоа кога е топло користете мат кармин што не се размачкува и што трае подолго од кремастите кармини. Откако ќе завршите со шминкањето, нанесете спреј за фиксирање шминка за да не ви се размачка. Ако ги следите овие начини за освежување за да се разладите и да изгледате средено, луѓето ќе се прашуваат која е вашата тајна и ќе ви се восхитуваат како успевате во тоа.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:25 | NAMP2HLASPX02