Убавина што не знае за години:

како да изгледате најдобро во секое доба од животот
Print
Ageless beauty: how to look your best at every age
Со текот на годините, кожата се менува – а со тоа треба да се менува и начинот на кој ја негувате! Еве неколку кратки совети што ќе ви помогнат да изгледате најдобро во секое доба од животот.

Нега на кожата во 20-тите години од животот:

Ако веќе не сте почнале со нега на кожата, сега е моментот да почнете! Важно е навреме да создадете правилни навики за нега на кожата зашто така со години ќе изгледате одлично.

Како што излегувате од тинејџерските години можеби забележувате промени на кожата, заедно со хормоналните промени. Во оваа деценија вашата кожа ќе продолжи да се прилагодува, затоа дознајте каква кожа имате и изберете соодветна нега.

Ќе ви помогнат и некои мали промени во начинот на живот. Излегувањето до доцна и премногу сонце влијаат врз изгледот на кожата. Секој ден ставајте крем со заштитен фактор, зашто тоа ќе помогне вашата кожа да остане еластична и мека. Вистинско искушение е да се останува до доцна со друштвото, но потрудете се да ги лимитирате тие излегувања до доцните часови за утредента да изгледате убаво.

Нега на кожата во 30-тите години од животот:

во овој период може да забележите знаци на стареење. Кожата почнува да губи колаген и еластин и на лицето може да ви се појават неколку тенки брчки. Може ќе треба во својата секојдневна нега на кожата да додадете повеќе производи што за влажност на кожата.

Вообичаено е да се појават и знаци на стареење и во пределот околу очите. Во оваа деценија ќе треба да ја проширите негата на кожата со акцент на делот околу очите.

Сакате еден совет како да ги избегнете појава на брчки од смеење? Носете големи очила за сонце! Според мене, колку поголеми очила за сонце, толку подобро. Ако изберете очила со УВА и УВБ заштита ќе покриете поголем дел од лицето и ќе го заштитите од сонце. Најдобрата работа кај очилата е што со нив најверојатно нема да подзамижувате. Кога подзамижувате не изгледате убаво, затоа, кога излегувате или кога возите, ставете си очила за сонце, така ќе ја одложите појавата на брчки.

Нега на кожата во 40-тите години од животот:

во 40-тите години од животот, жените најчесто се жалат од неизедначен тен. Тоа може да се случи поради прекумерно изложување на сонце, што доведува до појава на старечки дамки (затоа, носете очила за сонце!). Исто така, се јавува како последица од бременост, кога кај некои жени доаѓа до појава на мелазма (позната и како маска на бременост).

Други хормонални промени во оваа деценија и можниот почеток на менопауза ќе ве остават да се чудите што се случи со вашата младешка кожа. Во овој период е најдобро да одите на дерматолог кој ќе ви предложи евентуални третмани за промените на кожата што ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате добро.

Многу жени во оваа деценија се сигурни дека добро ја негуваат кожата, па може да ги погоди сознанието дека сепак ќе треба нешто да менуваат. За среќа, со мали промени може многу да се постигне, така што лесно ќе си ја вратите контролата врз кожата.

Нега на кожата во 50-тите години од животот и подоцна:

клучен елемент во негата на кожата кога стареете е одржувањето влажност на кожата! Кога ќе влезете во шестата деценија, кожата ја губи еластичноста и може да станува млитава. Времето не можете да го вратите, но затоа можете да ја одржувате влажноста на кожата (и на телото).

Добро е и да ја ревидирате козметиката што ја користите. Ако со децении се шминкате на ист начин, сега е веројатно моментот да направите измени во стилот. Римелот е одлична алатка за шминкање, но сега можеби повеќе ќе ви одговара црниот римел да го замените со кафеав, а очите малку посуптилно да ги нагласувате.  Не заборавајте, јас обожавам да ги виткам трепките – така може да изгледате многу поубаво!

Стареењето на можеме да го спречиме, но можеме да старееме достоинствено и убаво. Да постоеше извор на младоста, веројатно ќе имаше некаква врска со ставот. Ако се чувствувате убаво, таа сигурност ќе се види во вашата појава – без оглед на годините!

Автор: Џеки Картер, стручњак за убавина. Џеки е Директор за нега на кожа во Herbalife.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:08 | NAMP2HLASPX02