Нотесот за убавина на Џеки Картер

Print
Spring_clean100x100

Практичните совети на Џеки ќе направат кожата да ви изгледа здраво во текот на целата година.

Премногу работа
Всушност не станува збор за премногу работа, туку за предолгиот период што го поминувате во канцеларија. Најверојатно седите во затворена просторија и сте изложени на централно греење или клима уред цел ден.  Она што ви е потребно е добар, свеж, нерециклиран воздух за вашата кожа да не изгледа уморно. Животната средина заедно со секојдневниот стрес од патот до работа, состаноците и кусите рокови може да резултираат со безживотна и уморна кожа. Затоа е важно да и дадете на вашата кожа (а и себеси) пауза што толку и е потребна. Излезете на свеж воздух, тргнете се од екранот на компјутерот и нанесете доволно хидрантен крем на кожата за таа да биде заштитена и хидрирана.

Како да ја си го исчистите патот до здрава кожа

Чистете ја кожата двапати дневно: секое утро и секоја вечер пред спиење, без оглед на сè. Не значи дека кожата ви е чиста само затоа што изгледа така. Веројатно е прекриена со невидливи нечистотии што можат да ѝ наштетат. Ослободете се од нив.
Избегнувајте ги сапуните за секојдневна употреба и користете производи за чистење лице што се нежни и соодветни за вашиот тип кожа.
Никогаш не го бришете лицето со семејната крпа за раце. Ако не е чиста ќе ги префрлите бактериите на вашето свежо измиено, чисто лице. Направете брза проверка со тоа што ќе ја мириснете крпата. Ако не мириса како штотуку да е тргната од жицата за сушење, тогаш фрлете ја за перење и земете си чиста крпа.
Употребувајте исклучиво млака вода за плакнење, не го плакнете лицето со вода што е преладна или прежешка. Екстремните температури може да ја иритираат кожата и да ја оштетат.
Користете ексфолијант најмалку еднаш неделно. Нежната ексфолијација на кожата ги отстранува мртвите клетки од лицето што резултира со помека и поблескава кожа. Исто како со производите за чистење за лице, ексфолијантот мора да е соодветен за вашиот тип кожа.
Инвестирајте во козметички третман за лице одвреме-навреме. Исто како што одите на забар за чистење на заби, и на кожата и е потребно длабинско чистење на козметичар. Честотата на козметичките третмани зависи од видот на кожата. Консултирајте се со вашиот козметичар за тоа колку често треба да правите длабинско чистење.
Бидете нежни со пределот околу очите. Кожата околу очите е најтенката кожа што ја имате на телото. Затоа бидете особено внимателни кога се грижите за неа.
  • Чистете ја кожата двапати дневно: секое утро и секоја вечер пред спиење, без оглед на сè. Не значи дека кожата ви е чиста само затоа што изгледа така. Веројатно е прекриена со невидливи нечистотии што можат да ѝ наштетат. Ослободете се од нив.
  • Избегнувајте ги сапуните за секојдневна употреба и користете производи за чистење лице што се нежни и соодветни за вашиот тип кожа.
  • Никогаш не го бришете лицето со семејната крпа за раце. Ако не е чиста ќе ги префрлите бактериите на вашето свежо измиено, чисто лице. Направете брза проверка со тоа што ќе ја мириснете крпата. Ако не мириса како штотуку да е тргната од жицата за сушење, тогаш фрлете ја за перење и земете си чиста крпа.
  • Употребувајте исклучиво млака вода за плакнење, не го плакнете лицето со вода што е преладна или прежешка. Екстремните температури може да ја иритираат кожата и да ја оштетат.
  • Користете ексфолијант најмалку еднаш неделно. Нежната ексфолијација на кожата ги отстранува мртвите клетки од лицето што резултира со помека и поблескава кожа. Исто како со производите за чистење за лице, ексфолијантот мора да е соодветен за вашиот тип кожа.
  • Инвестирајте во козметички третман за лице одвреме-навреме. Исто како што одите на забар за чистење на заби, и на кожата и е потребно длабинско чистење на козметичар. Честотата на козметичките третмани зависи од видот на кожата. Консултирајте се со вашиот козметичар за тоа колку често треба да правите длабинско чистење.
  • Бидете нежни со пределот околу очите. Кожата околу очите е најтенката кожа што ја имате на телото. Затоа бидете особено внимателни кога се грижите за неа.

    Нанесувајте ги производите по правилен редослед
    Секој режим за нега на кожата има чекори што треба да ги следите за да ги добиете најдобрите ефекти. Затоа е важно да го следите она што е наведено во упатствата и да ги нанесувате производите по соодветен редослед. Првиот чекор е чистење, па тонирање, па нанесување серум и хидрантен крем. Кога не го следите овој редослед ризикувате да постигнете негативен ефект или воопшто да не постигнете ефект. На пример, серумот може да продре подлабоко во кожата од хидрантниот крем. Затоа мора прв да се нанесе. Ако нанесете серум по хидрантниот крем, нема да може да продре толку длабоко и да си ја заврши работата. Ако не  ги употребувате производите по соодветен редослед, може да добиете и негативна реакција. Затоа нанесувајте исклучиво како што тоа е препорачано за кожата да ви изгледа најубаво.

    Следниот пат кога ќе се погледнете во огледалото и не сте задоволни со тоа што го гледате, запомнете ги овие пет лесни чекори. Пробајте ги и видете дали ќе забележите разлика. Вашата кожа бара да се грижите за неа, за и таа да продолжи да се грижи за вас. Запомнете, најздравата кожа е најубава.

    Не занемарувајте ја исхранта
    Ако има едно нешто што повеќето од нас го знаеме, тоа е важноста на здравата исхрана. Здравата исхрана е корисна за целото тело и ни помага да изгледаме и да се чувствуваме одлично. Вашата кожа е директен одраз на сè што ви се случува во телото. Кога не се храните добро, негативните знаци веднаш ќе се појават на кожата. Вашиот тен ќе го нема тој здрав блесок кон којшто сите се стремиме. Сè што внесувате во телото може да се одрази на изгледот на кожата. Следниот пат кога ќе имате забавен викенд и кога ќе претерате со пушењето или пиењето, погледнете се убаво во огледало следното утро. Дефинитивно ќе забележите значителна промена во изгледот на кожата.

    Напишано од експертот за убавинаJacquie Carter Џеки е директор за нега на кожата на Herbalife.

    Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
    mk-MK | 17.11.2017 09:38:57 | NAMP2HLASPX02