Ослободете се од темните кругови околу очите

Print
Eye bags

Дали имате темни кругови околу очите и подочњаци? Колку и да сте наспани, сепак цело време имате подочњаци? Можам да ви помогнам – ајде да си помуабетиме како можете засекогаш да се ослободите од кесичките под очите!

Не знам за вас, но понекогаш кога ќе станам наутро и кога ќе се погледнам в огледало, речиси не можам да се препознам. Се разбира, ова обично се случува кога ќе останам во град до долго во ноќта. Меѓутоа, каква сака нека е причината – никој не сака кога ќе стане наутро да има кесички под очите. Со нив изгледаме изморено, во стрес и, ако смеам да кажам... ОСТАРЕНО! 

Моите четири едноставни совети што ќе ви помогнат да се ослободите од подуеност на очите:  

  • Настојувајте да не пиете течности барем 2 до 3 часа пред легнување. Подуеноста на очите најчесто се јавува како последица од задржување на водата во телото. Кожата околу очите е исклучително тенка и деликатна, па затоа кога ќе почне да се собира течност во телото, делот околу очите станува подуен.
  • Рамна перница не ви е пријател! Последните неколку години се придржувам до следната мантра, „Висока перница ќе ме спаси од подуеност околу очите“. Кога лежиме на рамна перница, ни се задржуваат течности околу очите. Кога е главата малку поткрената на повисока перница, се спречува таложењето течности околу очите кое доведува до појава на подуеност.
  • Ограничете го консумирањето алкохол и сол. И алкохолот и солта придонесуваат за појава на подуеност, зашто можат да доведат до дехидрација. Кога сме дехидрирани, одбранбениот механизам на телото настојува да складира вода. 
  • Преморот е, исто така, голем виновник. Сите ние премногу време минуваме пред компјутери и пред телевизор. Мора да се одмориме, а да ги одмориме и очите. Не бадијала се вели „сон за убавина“, затоа, сите треба добро да се наспиеме во текот на ноќта, што ќе ни помогне засекогаш да ја спречиме појавата на кесичките под очите.

Автор е стручњакот за убавина, Џеки Картер. Џеки Картер е Директор за Нега на кожата во Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:13 | NAMP2HLASPX02