Пробајте ги овие лесни совети за поубава кожа

Print
Try-these-easy-tips-for-better-skin

Наспијте се убаво.

Добриот сон е одличен не само за мозокот, туку и за телото. Ако сме лишени од сон, тогаш сме раздразливи, бавно зборуваме, слабо реагираме на емоционално ниво и не можеме да правиме повеќе работи во исто време. Постојат студии што велат дека недоволното спиење може да влијае врз телесната тежина, меморијата и имунолошкиот систем. Но, не заборавајте дека кога станува збор за изгледот, со причина ја користиме синтагмата сон за разубавување.

Кога не спиеме доволно, во телото ни се зголемува нивото на стрес-хормони. Кога имаме високо ниво на стрес-хормони, може да ни се јави воспаление. А кога станува збор за кожата, тоа значи забрзано стареење. Недостигот на сон може да доведе и до влошување на состојбите на кожата што веќе ги имаме, како што се акните. Кога сме уморни и кожата ни изгледа уморно. Може да изгледа дехидрирано, да го изгуби младешкиот сјај и да биде млитава. Не заборавајте, со спиењето се опуштаат мускулите на лицето, а тоа е одлично затоа што на тој начин се измазнуваат ситните линии и брчки. Кога сме добро наспани кога ќе се разбудиме се чувствуваме и изгледаме освежено. Затоа, во име на општото здравје и изгледот, дајте си новогодишен завет секогаш доволно да спиете.

На лицето и телото секој ден нанесувајте хидрантен крем.

Ова е толку едноставен завет, а придобивките ќе бидат огромни. Кога ќе завршите со туширање или со бањање, одвојте неколку минути за да нанесете хидрантен крем од глава до пети. Направете го тоа додека е кожата уште влажна за да ја задржите природната влажност на кожата. Хидрантните кремови и млеката за тело се одлични за кожата. Кожата ќе ја чувствувате попријатно, а ќе добие и поубав изглед.

Сува кожа, кожа со пепеласта боја и кожа што се лупи не изгледа здраво и младо. Кожата може да ја исушат многу фактори -  долго туширање со жешка вода; јаки сапуни, па дури и времето може негативно да влијае врз кожата. Одвојте само една минута секој ден за хидрација на кожата што навистина  е потребна за поубав изглед и за поубаво да ја чувствувате кожата. И не заборавајте, ако одите надвор, многу е важно да си ставите хидрантен крем со SPF 30 со заштита и од УВ-А и од УВ-Б зраци за да ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци. Затоа, дајте си новогодишен завет што ќе го обожавате и нанесете дебел слој крем на стапалата, нозете, рацете, лактите, а особено на лицето!

Откажете се од лошите навики во име на убавината.

За многу луѓе новата година е одлично време да се откажат од лошите навики - недоволното вежбање или прекумерниот внес на брза храна се навики од кои многу луѓе сакаат да се откажат. Овие навики може негативно да влијаат врз изгледот, особено врз кожата. Па, ако се откажете од нив во име на целокупното здравје и изгледот, поголема е веројатноста цела година да се држите до заветите што ќе си ги дадете.


Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.04.2018 19:50:38 | NAMP2HLASPX02