Како да изгледате и да се чувствувате помладо

Совети што ќе ви помогнат да стареете со стил
Print
Lady-eating-healthy_100px

Дали ве загрижува стареењето?

Еве три вообичаени факти за стареењето, заедно со совети што ќе ви помогнат да го забавите процесот. Не можеме да го запреме часовникот, но здрав, активен живот можеме да го забавиме процесот!

Проблем бр. 1: губење густина на коските

Како што старееме, коските природно губат од својата маса – ова особено важи за жените во менопауза. Кога коските губат калциум и други минерали, може да станат крти и полесно да се кршат. Губењето густина на коските може да доведе и до менување на држењето затоа што е намалена способноста на ’рбетот  да го држи телото.

Решение за активно стареење

Вежбањето претставува одличен начин за одржување здрава густина на коските, особено ако се тоа вежби со висок ефект како што се пешачење, трчање или скокање. Ако ги движите зглобовите, помалку е веројатно дека ќе ви се намали подвижноста и ќе имате болки во зглобовите, што инаку се јавуваат кога не сме активни.

Проблем бр. 2: губење мускулна маса

Во медицината, губењето мускулна маса во процесот на стареење се нарекува саркопенија и се верува дека саркопенијата ја предизвикуваат низа фактори, како што се проблеми со хормоните, нервите и со исхраната.

Решение за активно стареење

Губењето мускулна маса можете да го забавите ако во вашите финтес вежби додадете и вежби со тежина и вежби со отпор. Со дигање тегови или со вежби со додадена тежина ќе си помогнете да изградите чиста мускулна маса и да ја задржите силата како што стареете.

Проблем бр. 3: хормонални промени

Хормонални промени се случуваат и кај мажите, и кај жените; како последица од овие промени, може да дојде до покачување на телесната тежина, особено во делот околу стомакот.

Решение за активно стареење

Хормоналните промени може да предизвикаат големи стресови, па затоа е многу важно да најдете баланс во животот и да имате активности со кои ќе се ослободите од стресот. Јогата, медитацијата или, едноставно, некоја нова активност, може да ви помогнат да се справите со последиците од хормоналните промени.

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е Директор за фитнес едукација во Herbalife.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.09.2017 00:45:45 | NAMP2HLASPX01