Корисни совети за нега на кожата во зима

Print
winter_skin_worries

Еве неколку совети како да ги преживеете и внатрешните и надворешните влијанија:

 

Избегнувајте да се туширате или да се бањате долго

Нема ништо подобро од долга, топла бања во студен ден. Но, ако поминете долго време под топла вода, дополнително ќе си ја дехидрирате кожата со отстранување на есенцијалните масла од површината на кожата. Затоа, ако е возможно, туширајте се пократко време со млака вода. Користете само пенливи производи за капење, сапуни и гелови за туширање што ја навлажнуваат кожата, особено оние со состојки за навлажнување на кожата, како што е алоја вера.

Топ совет: Не ја тријте кожата на суво – само нежно избришете ја со мека, памучна крпа. Триењето на кожата може да биде премногу грубо и да доведе до лупење на кожата.

Нанесувајте двојно повеќе хидрантен крем

Нанесувајте двојно повеќе хидрантен крем и бидете особено внимателни со производите за навлажнување на кожата. Може ќе треба да се мачкате по повеќепати на ден. Не заборавајте да се мачкате, мачкате и повторно да се мачкате со хидрантен крем за да ви биде кожата хидрирана и еластична.

Топ совет: Секогаш мачкајте се со производи за навлажнување на кожата веднаш откако ќе се истуширате или ќе се избањате додека кожата е сè уште влажна. Побарајте производи за навлажнување на кожата што содржат алоја вера, шиа путер, маслиново и косоково масло.

Пијте повеќе течности

Без разлика на сè, важно е да бидете хидрирани 365 дена во годината. Водата, чајот и другите напитоци се одлични за целото тело. На телото му треба вода и важно е по секоја цена да избегнеме дехидрација. Затоа, пијте повеќе течности.

Топ совет:
 Додајте свежо исцеден сок од лимон, лимета и портокал во водата. Ова ќе ѝ даде подобар вкус, а познато е и дека цитрусното овошје содржи витамини.

Сакајте си ги усните

Усните ни се изложени на несакани ефекти во зимскиот период. Најважно што може да направите е да користите нежен балсам за усни за да ја навлажните и да ја омекнете чувствителната кожа на усните. Изберете производ што нуди SPF заштита за дневна употреба и не заборавајте да нанесете повторно во текот на денот, особено пред да си легнете.

Топ совет: Правете ексфолијација на кожата на усните. Со ова ќе ја отстраните мртвата и сува кожа и усните ќе ви бидат меки и мазни и ќе изгледаат убаво.

Одржувајте ја влажноста на воздухот во домот

Влажноста на воздухот во домот може да ја одржувате со навлажнувач. Постојат повеќе видови навлажнувачи на воздух, меѓу кои и мали, поединечни навлажнувачи на воздухот што може да ги поставите на ноќната масичка или на бирото во канцеларијата.

Топ совет: Ако немате навлажнувач за воздух, ставете вода во тенџере на шпоретот и оставете ја да врие во текот на денот.

Искористете ја ноќта

Навечер пред да си легнете, нанесете поголема количина од вашиот омилен крем за раце,  а убаво втријте го и во кутикулите и во лактите. Намачкајте си ги и стапалата. Облечете си памучни чорапи и спијте убаво.

Топ совет:
 Ставете по една тубичка крем за раце до секој мијалник и во домот и на работа и ставете си од кремот секојпат кога ќе си ги измиете рацете.

Користете непарфимирани, хартиени марамчиња

Најбрзиот начин да се справите со статичкиот електрицитет на косата и на облеката е со хартиени марамчиња. Поминете со едно марамче по должината на косата и влакната што летаат веднаш ќе се смират. Поминете брзо со омиленото хартиено марамче по прилепениот фустан и повеќе нема да има статички електрицитет!

Топ совет: Чувајте си хартиени марамчиња во ташната, во торбата за тренинг, дури и во касетата во автомобилот.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.04.2018 19:42:11 | NAMP2HLASPX01