Како едноставно да се чувствувате убаво

Print
feelBeautiful

Самодовербата е најбитна

Можеби звучи како клише, но она што ве прави убави во кој било ден е самодовербата. Самодовербата е причината поради која одредени луѓе секогаш успеваат да се во центарот на вниманието, без оглед на нивниот изглед. И таа е нешто што може да го искористите во ваша полза. Ако сакате да убаво изгледате, мора и убаво да се чувствувате, па затоа избркајте ги негативните мисли и почнете да размислувате позитивно во текот на денот. Концентрирајте се на работите што навистина ги сакате кај себеси и отфрлете ги негативните размислувања што ви паѓаат на памет во врска со вашиот изглед.

Насмевнете се

Инстант подобрувач на расположението и друг начин да се чувствувате убаво е да се насмевнете. Не ми верувате? Обидете се да се насмевнете, дури и ако не ви е дојдено до тоа и кажете ми како се чувствувате. Покрај придобивките од тоа што го подобрува расположението, насмевката прави лицето да се чувствува и да изгледа убаво. Кога некој се смее тоа придонесува на другите да им изгледа попривлечно. Зборуваме за лесен начин да изгледате подобро!

Престанете со споредбите

Лесно е да се споредуваме со други и да паднеме во замката со тоа  до каде сме стигнале во споредба со другите, но тоа не ѝ помага на нашата самодоверба. Секое лице е уникатно и вие имате позитивни вредности што можеби некој друг ги нема. Најдобриот начин да се чувствувате убаво е да се гледате себеси како индивидуа, а не да се споредувате со други.

Пробајте нов изглед

Понекогаш заглавуваме еднолична фризура и шминка кој придонесува да не се чувствуваме убаво. Зошто да не ги промените работите со забавна преобразба? Преосмислувањето на вашиот изглед може да обезбеди возбуда и промената што ви е потребна да излезете од рутината и повторно да се чувствувате убаво. Почнете ја промената со нова фризура, гардероба или козметички производи кои можеби се промената што ви е потребна.

Имам видено луѓе што сè уште живеат во минатите децении бидејќи толку се навикнати на нивниот изглед што им недостига самодоверба за промена. Живееме во модерен свет и важно е така да постапуваме. Најдете стил во кој се чувствувате добро и запомнете да го освежите со нова фризура или боја на коса или нова кројка на алишта. Ќе стекнете самодоверба со тоа што знаете дека изгледате одлично и на прекрасен начин ќе се соочите со светот.

Внимавајте на вашето држење

Начинот на кој седите или стоите кажува многу за начинот на кој размислувате за себеси. Тие со добро држење му даваат до знаење на светот дека се чувствуваат самоуверено и прекрасно со невербалните сигнали што ги испраќаат. Дури и ако не се чувствувате убаво, стоењето или седењето исправено и со рамена зафрлени наназад ќе им ја отслика на останатите вашата самодоверба. Секогаш кога ќе се фатите себеси како се подгрбавувате одвојте неколку секунди за да го коригирате вашето држење. Треба да се чувствувате подостоинствено, посамоуверено и можеби поубаво.

Негувајте се

Некогаш ви е потреба само добра сесија за нега за да се чувствувате одлично. Кога се чувствувате уморно, кога сте под стрес или кога сте нервозни веројатно нема да се чувствувате како да сте најубави. Обидете се да најдете време за пауза, без оглед на тоа дали е тоа еден час или еден ден за да се поврзете со вашето вистинско јас. Ако сте релаксирани, поверојатно е дека ќе имате позитивни чувства кон себеси. Може да ја пробате која било активност за релаксација, без оглед дали се работи за попладне во паркот (со фактор за сончање, се разбира), посета на салон за убавина или шопинг на некое ново парче облека.

Напишано од нашата експертка за убавина, Џеки Картер. Џеки е директор за нега на кожа во Hеrbalife.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:26 | NAMP2HLASPX02