Нега на кожа кај мажите: еве ги фактите

Print
A man applying facial lotion

Што треба да прави секој маж кога станува збор за секојдневниот режим за нега на кожата?

Користете млеко за чистење лице

Може сте навикнати да користите обичен сапун, но тоа не е добро за кожата. Сапуните може да содржат штетни детергенти што не се наменети за лицето. Може и да ја нарушат pH рамнотежата на кожата и да ги отстранат корисните масла од неа. Изберете млеко за чистење што го чисти вишокот маснотии, темелно ги отстранува нечистотиите, маснотиите, потта, остатоците и ја обезбедува потребната хидрација. Побарајте производи што не содржат сулфати или парабени, но треба да ги содржат антиоксидантните витамини и алоја вера за дополнителна хидрација.

Почнете со ексфолијација

Мажите имаат подебела кожа, па затоа е потребно да прават ексфолијација можеби и почесто од жените. Редовно отстранувајте ја наталожената мртва кожа и ова ќе ви помогне да ги исчистите порите и да ја намалите појавата на мозолчиња и црнки.

Скокнете го лосионот по бричење

Најголем дел од производите што се користат по бричење содржат алкохол, па затоа предизвикуваат печење и пецкање кога се ставаат на кожата. Време е да престанете да ги користите овие иритирачки производи бидејќи не се здрави за кожата. Може да предизвикаат наталожување на мртви клетки, што доведува до појава на поткожни влакна и иритација. Инвестирајте во тоник за лице што е богат со антиоксиданси и што не содржи алкохол за да ја омекнете кожата по бричење.

Мачкајте се со млеко за сончање

Особено е важно мажите да користат млеко за сончање пред да излезат надвор. Мажите поминуваат повеќе време на отворено од жените и се поизложени на факторите од околината. Постои и поголем ризик случајно да бидaт изложени на сонце додека го шетаaт кучето, работат во градината или додека возат автомобил (сончевите зраци навлегуваат преку стаклото). Затоа, мажите секогаш треба да се мачкаат со хидрантен крем што содржи SPF 30, што помага да се спречи појавата на знаци на стареење.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Заштитниот хидрантен крем со SPF 30од линијата Herbalife SKIN е долготраен хидрантен крем што ја прави кожата мазна и мека и обезбедува заштита од УВ-А/УВ-Б зраците!

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 15.12.2017 11:46:12 | NAMP2HLASPX02