9 чекори до природно убав изглед

Print
beauty

 

Еве неколку начини како да имате блескав природен изглед. Почнете со чиста основа.

 

Првиот чекор до природен изглед е да почнете со свежо, чисто лице. Одберете млеко за чистење на лице што одговара на вашиот тип кожа. Темелно измијте го лицето со топла вода. Потоа, нежно избришете го со чиста крпа и проверете дали сте ја отстраниле целата шминка. Дури и најмалите остатоци од шминка, особено околу очите, може да ви го нарушат изгледот. Па затоа, ако треба користете млеко за отстранување шминка.

Ексфолијација и хидрација

Добра ексфолијација е уште еден сигурен начин како да почнете. Со отстранување на вишокот сува кожа од површината, кожата не само што ќе добие младешки сјај, туку и производите за нега на кожа подобро ќе навлезат во неа. И што е најдобро, шминката ќе биде нанесена рамномерно и ќе изгледа посвежо преку целиот ден. Кога кожата не е хидрирана, таа станува млитава и бледа. Преку ден користете дневен хидрантен крем со SPF за хидрација на кожата, а навечер користете богат ноќен крем за обновување на кожата.

Помалку слоеви

Помалку е секогаш подобро кога ја нагласувате природната убавина. За прекрасен изглед, прескокнете ја подлогата за шминка и нанесете тониран хидрантен крем. Нанесете со прстите на мали површини, од средишниот дел на лицето кон краевите. Ако пак сакате да користите камена или течна подлога за шминка, нанесете ја со четка, со кружни потези од средишниот дел на лицето нанадвор.

Бронзери и руменила

Користете бронзер и/или руменило за да нагласите одредени делови. Бронзерите ѝ даваат убав, потемен тен на кожата. Со нив на одличен начин ќе создадете природен сјај. Може да нанесете бронзер на Т-зоната и на јаболчиците или пак на целото лице. Нанесете помала количина на деловите што се најмногу изложени на сонце, како што се горниот дел на носот, образите и челото. Бронзерот може да го замени руменилото или пак може да нанесете тенок слој руменило врз него. Најважно е да запомните дека кога користите бронзери, помалку е секогаш подобро.

Илуминатори

Илуминаторите или хајлајтерите содржат рефлектирачки состојки, како што се минералот мика или други минерали, за рефлексија на светлината. Користете голема четка за руменило или четка за пудра за да ги нанесете. Почнете со многу мала количина и, ако има потреба, нанесете повеќе. За да откриете кои црти од лицето би било најдобро да ги нагласите, застанете на природна светлина и видете на кои делови од лицето најмногу е нагласена светлината. Тоа може да се јаболчиците, горниот дел на носот или брадата. Фокусирајте се на тие делови. Јас секогаш ја нагласувам и горната линија на усните.

Коректор

Прво проверете дали коректорот ви одговара на бојата на кожата. Може ќе ви треба посветла нијанса за пределот под очите или пак користете коректор со сини нијанси. Важно е да го нанесете само на дамките, мозолчињата и поцрвенетите делови, а не наоколу, за да избегнете хало ефект. Нанесете со кружни потези за да добиете природен изглед. Некои луѓе сметаат дека нанесувањето со прсти го дава истиот ефект како нанесувањето со четка за коректор.

Шминка за очи

Користете туш за очи и маскара во умерени количини. Задебелената линија од туш за очи не изгледа природно. Наместо тоа, користете моливче за очи во кадифено кафеава нијанса и нанесете тенка линија: линијата нека биде меѓу трепките и врз аголот на долната страна. Со четка нежно подигнете го очниот капак и нанесете линија на аголот на долната страна. Запомнете го мојот омилен трик: извиткајте ги трепките со виткач за трепки и потоа нанесете маскара.

Веѓи

Бидете особено внимателни со веѓите. Прво обликувајте ги и исчупајте ги. Потоа одберете сенка за веѓи што одговара на нивната природна боја и со мала четка внимателно пополнете ги празнините. На крај, нанесете гел за веѓи за совршен изглед преку целиот ден.

Усни

Избегнувајте светкав сјај за усни и блед кармин. Наместо нив, користете неутрален или проѕирен сјај за усни и не користете моливче за оцртување. Ставете кармин што е неколку нијанси потемен од природната нијанса на усните. Почекајте неколку минути и избришете го. На овој начин усните добиваат боја што е како природната, но изгледаат подобро. Омилен трик ми е да одберам нијанса на кармин што е иста боја со јазикот. Звучи лудо ама изгледа сосема природно.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:45 | NAMP2HLASPX02