Новогодишни одлуки за кожата

Print
NY_skin_resolution_100x100
Еве неколку практични и ефикасни новогодишни одлуки за да си го подобрите не само физичкиот изглед, туку и самодовербата и целосната благосостојба:  

Секогаш ќе се трудам доволно да спијам!
Добриот сон е одличен не само за мозокот, туку и за телото. Ако сме лишени од сон, тогаш сме раздразливи, со забавен говор, со отапен емоционален одговор  и неможност за мултитаскинг. Постојат студии во кои се сугерира дека недостатокот на сон може да влијае врз нашата тежина, меморија и имунолошки систем, но запомнете дека кога станува збор за нашиот изглед, не за бадијала се вика „сон за разубавување“. Кога не спиеме доволно имаме зголемено ниво на стрес хормони во телото. Кога е присутно големо количество на стрес хормони, тоа може да предизвика воспаление. Зборуваме за кожа што значи дека може да ги забрзуваме ефектите на стареењето. Недостатокот на сон може да предизвика одредени постојни проблеми со кожата како акни да се влошат. Кога сме уморни кожата ни изгледа уморно. Може да изгледа дехидрирано, да го загуби младешкиот блесок и да изгледа исцрпено. Запомнете дека спиењето ги релаксира мускулите на лицето, а тоа е добро бидејќи помага за измазнување на малите брчки и линии што ги имаме. Добриот сон ни овозможува да се разбудиме чувствувајќи се и изгледајќи освежено. Затоа, во име на општото здравје и изглед, донесете новогодишна одлука секогаш доволно да спиете.

Ќе нанесувам хидрантен крем на лицето и телото секојдневно!
Ова е едноставна одлука чии придобивки ќе бидат огромни. Кога ќе завршите со туширање или со бањање, одвојте неколку минути за да нанесете хидрантен крем од глава до пети. Правете го ова додека кожата е влажна за да ја запечатите природната влажност на кожата. Хидрантните креми за лице и тело се одлични за кожата. Кожата ќе ви се чувствува поудобно и подобро ќе изгледа. Сува, уморна и кожа со перут не изгледа младолико ниту здраво. Има многу фактори што може да ја исушат кожата како долго туширање со жешка вода, користење на сапуни што се прејаки, па дури и времето може да има негативно влијание врз кожата. Со одвојување на неколку минути секој ден за да ја хидрирате кожата и да ѝ ја вратите влажноста што ѝ е потребна, може значително да ѝ го подобрите изгледот и состојбата. И запомнете, секогаш кога излегувате надвор нанесете хидрантен крем со СПФ 30 и УВА и УВБ заштита што е од основно значење за заштита на кожата од штетните зраци на сонцето. Затоа нанесете хидрантен крем на стапалата, нозете, рацете, лактите и особено на лицето, за новогодишна одлука што ќе ја обожавате!

Откажете се од лошите навики во име на убавината!
За многу луѓе Новата година е одлично време да се откажат од лошите навики. Пушењето, пиењето, прекумерното консумирање алкохол, недоволното вежбање или прекумерното внесување на брза храна се навики од кои многу луѓе сакаат да се откажат. Овие навики негативно влијаат врз нашиот изглед, особено на кожата. Затоа, ако може да се откажете од нив во име на општото здравје и изглед, можеби е поверојатно дека подолго ќе се придржувате до овие одлуки. Зошто треба да се откажете од овие навики? Пушењето го намалува кислородот во клетките што доведува до знаци на прерано стареење. Премногу алкохол може да ја дехидрира кожата и да ја лиши од основните нутриенти. Режимот на редовни вежби не само што значи затегнато тело туку значи и затегната кожа. Нашата исхрана е друг клучен фактор или „ние сме она што го јадеме“. Затоа е важно да се откажете од брзата исхрана и за замена да јадете овошје и зеленчук. Проучете ги вашите лоши навики и ефектите што тие ги имаат врз вашето тело и  на тој начин полесно ќе се откажете од нив.

Ја сакам Новата година. Совршено време е за нов почеток. Ѕирнете во несесерот и видете што производи имате за нега на кожата, нега на косата и декоративна козметика и исфрлете ги производите што не сте ги употребувале извесно време. Убаво проверете ги датите на употреба и исфрлете ги сите производи со поминат рок. Проверете ги торбите што ги носите во фитнес студио и исфрлете ги старите кармини и лосиони што стојат таму извесно време. Издвојте време за да ги замените со вашите омилени производи за добро да ја започнете Новата година. Оваа година работете на подобрување на општото здравје и однатре и надвор! Среќна Нова година и запомнете, што поздрави сме, толку поубави сме! 

Авторката е експерт за убавина, Jacquie Carter. Џеки е директор за нега на кожата на Herbalife.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:36 | NAMP2HLASPX02