Негувајте се

Print
pamper_yourself_thumbnail

Направете си пенлива купка за релаксација


Моето средство за релаксација отсекогаш била пенлива купка. Додајте малку од вашиот омилен пенлив производ, запалете неколку свеќи, пуштете музика и потопете се во релаксација. Нема ништо подобро од добрa, топла купка за да ја намалите тензијата во мускулите, да си ги отворите порите и да си го разбистрите мозокот.

Нанесете си маска за лице


Добрата маска за лице не мора да се нанесе во спа центар. Може да го имате истото висококвалитетно искуство и дома. Изберете маска за лице со инспиративен мирис, како рузмарин или нане. Нанесете ја на лицето и дозволете да се исуши или едноставно почекајте за резултати. Јас обожавам да нанесам маска додека лежам во кадата. Има нешто во пареата, меурчињата и аромата како и можноста за релаксација, што ја прави делотворна. Маските со бентонитна глина имаат неверојатни својства за тонирање на кожата и апсорпција. Исто така, чувството на свиленкастата, мека глина на кожата обезбедува автентично искуство за уживање.

Избришете го денот


Има денови кога сакате да ги избришете сите проблеми. Зошто да не го направите тоа искуство за уживање и не употребите гел за ексфолијација што мириса одлично и содржи честички за ексфолијација што ги отстрануваат мртвите клетки на кожата? Штом ќе почувствувате колку ви е мека и свиленкаста кожата, ќе заборавите на сите проблеми.

Навлажнување од глава до пети


Нема ништо подобро од тоа да нанесете хидрантен крем на кожата по добра ексфолијација и пенлива купка. Нанесете го додека кожата е уште влажна за да ја задржи толку потребната влага. Кожата ќе ви изгледа помладо и дефинитивно ќе биде свиленкаста и мека на допир. Дајте си неколку дополнителни минути да се релаксирате, да уживате и да се фокусирате на вашите ножни прсти, стапала, нозе и раце. Малку масажа и одличен хидрантен крем дефинитивно ќе го намалат дневниот стрес.

Најдете време за... Што и да е!


Секој има по нешто посебно што сакаат да го прават и што им помага да се релаксираат. Може да биде пенлива купка, брза прошетка, кусо пливање во базенот или многу други работи. Дајте си време да го пролистате вашето омилено списание или почнете да ја читате книгата што толку време ја одложувате. Што и да правите, одвојте време за да се негувате.

Не се чувствувајте виновно затоа што сте одвоиле време за себе. Малата грижа вреди многу и навистина е корисна за вас и сите околу вас – па направете да се случи!

Напишано од експертот за убавина, Џеки Картер. Џеки е директор за исхрана на кожата во Herbalife.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:33 | NAMP2HLASPX02