Чекори за здрава, убава кожа

Print
handsome-skin

Чистење

И да немате време за ништо друго, мора да си ја чистите кожата. Не грижете се, чистење е само модерен збор за миење лице. Ова треба да се прави секое утро и секоја вечер пред спиење. Тоа што не се гледаат нечистотиите на лицето не значи дека ги нема. Размислете само на што сè сте изложени секој ден: загадување, издувни гасови од автомобилите, чад од цигари, дури и освежувачи на простории. Сите овие ситни честички се лепат на кожата, па затоа мора да се измијат.

Е сега, ова не значи дека треба да го користите стариот, сув сапун. Обичните сапуни најчесто содржат многу детергенти и дезодоранси и може да се многу груби и да ја дехидрираат кожата. Она што ви треба е добро млеко за чистење лице. Мажите најчесто имаат помрсна кожа од жените, па затоа за најдобар резултат треба да користат млеко за чистење наменето за нормална до мрсна кожа. Запомнете, ако не ја чистите кожата секој ден, ќе имате затнати пори и акни од вишокот нечистотии и маснотии.

Третман 

Меѓу првите места на кои почнуваме да ги забележуваме првите знаци на стареење е пределот околу очите. И, за жал, ова е местото што многу од мажите го запоставуваат. Кожата околу очите нема толку потни и лојни жлезди и затоа е многу често подложна на дехидрација и на појава на линии и брчки. На меката и тенка кожа во пределот околу очите може да се појават ситни линии што брзо ќе прераснат во брчки. Што треба да направите? Веднаш одберете си хидрантен крем за пределот околу очите. За да имате ефект, треба само да намачкате малку од производот под и околу очите.  Тоа ќе помогне кожата да ви биде хидрирана, мазна и заштитена секој ден. Нанесувајте крем за пределот околу очите наутро, навечер пред спиење и по чистење на лицето.

Одржување на влажноста

Хидрантните кремови може да направат голема разлика во изгледот на кожата кај мажите. Всушност на мажите дури и повеќе им треба хидрантен крем отколку на жените. Причината за ова е што  мажите се бричат. Со секој потег на бричот не само што ја бричите брадата туку ги отстранувате и есенцијалните масла од кожата. И, што правите потоа? Веројатно ставате лосион по бричење на база на алкохол што ја гори кожата. Тогаш алкохолот уште повеќе ја дехидрира кожата. Со што треба да го замените лосионот? Со хидрантен крем. Изберете хидрантен крем со SPF што ќе ве заштити и од најмала изложеност како и од штетните зраци на сонцето. Ако не се заштитите од изложеноста на сонце, тоа може да доведе до стареење на кожата, линии, брчки и, најлошо од сè, до рак на кожата.

Господа, гледате колку е едноставно. Ако си ги додадете овие три едноставни чекори во секојдневниот режим, дефинитивно ќе забележите разлика во изгледот. Така на едноставен начин ќе имате здрава, убава кожа.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:09 | NAMP2HLASPX02