3 лесни вежби во вода

Print
3_low_impact_water_workouts

Бординг со весло
Стоечки бординг со весло е комбинација од кајакарење и сурфање. Тоа е еден од спортовите на вода што најбрзо се шири низ целиот свет. Оваа активност привлекува многу луѓе зашто го активира целото тело. Речиси без напор го зајакнува трупот и ги подобрува кардио фитнесот, рамнотежата и флексибилноста. Покрај тоа е и многу забавно.
Трупот повеќе се ангажира за да ја одржува рамнотежата на телото, а со движењето на веслото дополнително се активираат и рамената и страничните мускули на торзото. Отпорот што го создава веслото во водата помага за зајакнување на мускулите. Бординг со весло е идеален спорт за секого, без оглед на годините и фитнес нивото и, за разлика од сурфањето, не мора да има бранови за да го практикувате. Мирната вода, без бранови е совршена за почетници, а овој спорт може да се практикува на океан, на езеро или на друга водена површина.
Аква аеробик
Часовите по вежби во вода овозможуваат на забавен начин да ги искористите отпорот и пловноста на водата за да ги вежбате мускулите и да ги подобрите фитнесот, силата и флексибилноста на кардиоваскуларниот систем. Ако практикувате вежби за зајакнување и техники за истегнување, ќе го зголемите тонусот на телото и дијапазонот на движења. Не мора да одите на официјални часови за да направите одличен тренинг. Едноставно скокнете во базенот и пробувајте различни движења што целосно ќе ви ги раздвижат зглобовите.
Пливање
Со пливање може да си го подобрите нивото на аеробен фитнес зашто го тера телото да учи нов начин на дишење. Лицето ни е во вода, а тоа значи дека телото мора да научи брзо да се прилагодува. Длабоко земаме воздух и со тоа ги тераме белите дробови и срцето поефикасно да го пренесуваат кислородот. Поради тоа што со пливањето не ги оптоварувате зглобовите, ова е одличен начин да си ги одморите мускулите што се истоштиле од активности со голем напор како што се трчање и тренинг со тежина, со што се заморуваат зглобовите на колковите, на колената и глуждовите. Плус може да изберете дали ќе пливате за да се релаксирате или ќе испливате повеќе кругови за да направите јак тренинг за целото тело со кој ќе согорите многу калории.
Не мора да одите на одмор за да уживате во корисните ефекти од тоа да бидете во вода или покрај вода. Спокојството на водата може да ви помогне да се релаксирате и да се ослободите од стресот. Многу сакам преку цела година еден ден во неделата да ми биде за вежби во вода. А, поради отпорот што го создава, знам дека со секој тренинг согорувам голем број калории.
Забавно е да бидеш во вода и да уживаш во природата, а речиси воопшто немаш чувство дека вежбаш. Ова лето останете активни и вежбајте во вода.
Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор на Одделот за фитнес едукација во Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:12 | NAMP2HLASPX02