5 начини како да бидете фит во новата година

Print
5 Ways to Get Fit in the New Year

 

Комбиниран фитнес

Многу тренери знаат дека за одлични резултати е клучно да се направи добар фитнес план во кој ќе бидат опфатени елементи на кардиоваскуларен фитнес, дигање тежина, вежби за издржливост и вежби за флексибилност. Интересно е да се види како фитнес стручњаците ги комбинираат овие елементи во забавни програми. Неодамна се појавија многу часови и програми во овој нов комбиниран стил во кои се комбинираат повеќе фитнес елементи во траење од 20 до 45 минути – на пример, јога и дигање тежина, пилатес и јога, кардио и дигање тежина, возење велосипед и јога, итн. Комбинацијата од два вида вежби (пилатес + боксување = пилоксување) што моментално е популарна може да се прошири во комбинација од три, па и од повеќе комбинирани вежби. Како и да се развива понатаму, овој пристап на комбинирање е интересен и сигурно ќе продолжи и во новата година.

Практичен пристап

Класичните функционални вежби со дигање тежина им помогнаа на многу луѓе да добијат одлична форма изминатава година. Интервалските вежби со висок интензитет (HIIT) што ги воведовме беа многу успешни кај луѓе што водат многу брз живот и на кои најмногу им требаат вежби што се прават со малку опрема или воопшто без опрема. Идејата за едноставни, класични фитнес тренинзи ќе продолжи, бидејќи овие вежби може да се прават речиси секаде и траат кратко.

Трки

Трките, како оние на 5 км., трките со пречки и триатлоните ќе продолжат да привлекуваат нови фитнес ентузијасти и во новата година. Овие настани сега може да си ги дозволат повеќе луѓе, а за голем дел од настаните бесплатно се формираат и групи за подготовка што ви помагаат да тренирате за следниот настан. Одличен начин да останете посветени и мотивирани да си го подобрите фитнес нивото е да се пријавите за некоја трка.

Онлајн фитнес

Повеќето луѓе немаат време да одат трипати неделно по еден час во фитнес клуб и да вежбаат различна група мускули. Луѓето водат премногу брз живот и немаат трпение да одвојат време за вежбање. Еден просечен вежбач сака да потроши малку од своето време, а поголем дел од неделата да го интензивира вежбањето со вежби со висок интензитет. Луѓето почнуваат да се фокусираат на секојдневни тренинзи во траење од 20-30 минути.

Оттука, користењето технологија и ефикасните онлајн фитнес програми уште повеќе ќе се развиваат. Моето предвидување е дека сè повеќе луѓе ќе ги користат смартфоните за кратки тренинзи за целото тело. Моите Herbalife видеа со фитнес совети и Herbalife24 видеата за активно тело се наменети за овој тип вежбачи. А денес, кога е толку лесно да се направи онлајн пренос во живо, спремете се да тргнете на патување без пасош за еден брз онлајн час.

Кој фитнес тренд и да го изберете во новата година, не заборавајте дека најдобри здравствени и wellness резултати ќе постигнете со комбинирање на тренинзите со план за урамнотежена исхрана. Поставете си нови цели во однос на вежбањето во иднина и добијте најдобра можна форма.

Автор: Саманта Клејтон, ISSA. Саманта е директор на Фитнес едукација во Herbalife


 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 20.07.2018 17:11:00 | NAMP2HLASPX01