5-минутни вежби за да останете во форма

Print
five minute workout

Ви откриваме пет брзи вежби што може да ги правите во домашни услови секој ден:

Како да почнете наутро: Скокнете од кревет и направете ја оваа вежба за согорување калории во пижами. Не е со толку голем интензитет како интервалското вежбање со висок интензитет [HIIT], но помага за подобар крвоток и го зголемува лачењето на природен ендорфин што предизвикува добро чувство и ни помага одлично да го почнеме денот.

Вежби на пладне: Овие вежби ќе ви го зголемат пулсот и се предизвик за телото. Дел од оваа вежба се моите омилени атлетски движења со кои се зајакнуваат мускулите, а бидејќи се вежби со висок интензитет, ќе согорите калории откако телото ќе се регенерира.

Вежби за долниот дел од телото: Активирањето на мускулите на задниот дел од телото – т.е. мускулите на задникот и нозете – е одлично бидејќи ако ја активирате оваа голема група мускули побрзо согорувате калории отколку ако активирате помали мускули, па затоа овие вежби за долниот дел од телото се одличен избор ако немате многу време.

Вежби за горниот дел од телото: Оваа брза вежба за горниот дел од телото е одлична за тонирање на мускулитe на торзото и рацете.

Сè за стомачните мускули: Со оваа вежба за стомачните мускули ќе се чувствувате одлично. Ако имате деца, може да ја правите преку ден кога спијат.

Ослободете се од стресот пред да си легнете: Ако сте нервозни на крајот од денот, одвојте време пред да си легнете за оваа вежба за истегнување. Ќе ви помогне да си ги поврзете умот, телото и дишењето. Истегнувањето мускули навечер може да ви помогне да си го разбистрите умот и да ја намалите енергијата, а тоа ќе ви овозможи убаво да се наспиете. Со оваа вежба нема да согорите многу калории, но ќе се чувствувате одлично откако ќе си ги истегнете мускулите и ќе се опуштите.

Кратките вежби се совршена опција за деновите кога сте многу зафатени. Ако ги направите сите шест вежби значи дека ќе почувствувате придобивки по здравјето од 30-минутно вежбање предвидено за секој ден. Ако имате време за само една или две вежби, во останатото време предвидено за вежбање пешачете и бидете активни.

Вежбањето во домашни услови може да биде многу ефикасно. Дури и ако имате време само да се истегнете неколку минути, ќе почувствувате голема разлика. Ако бидете активни секој ден ќе си ја зголемите самодовербата и ќе изградите мускули. Бидете здрави и фит оваа Ноќ на вештерките.

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор на Одделот за фитнес едукација во Herbalife

 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.04.2018 19:49:22 | NAMP2HLASPX02