Доведете си го срцето во топ форма

Print
running_thumbnail

Фокус на начинот на живот


На мое задоволство, гледам дека медиумите веќе не промовираат традиционални, рестриктивни диети и инстант програми за вежбање. Наместо тоа, тие се фокусираат на идејата на целокупен wellness и планови за здрав начин на живот. Ми се допаѓа тоа што фокусот се преместува кон општата слика на здраво стареење и едноставен, функционален фитнес со вежби од старата школа кои го поминале тестот на времето, како и активности што го опфаќаат целото семејство. Овој пристап, според мене, им помага на луѓето да одржуваат здрава телесна композиција на долг рок.

Fusion фитнес


Многу од тренерите знаат дека добриот план за фитнес кој опфаќа елементи од кардиоваскуларен фитнес, вежби за сила, издржливост и флексибилност е клучен за постигнување на одлични резултати.   Ќе биде возбудливо да се види како фитнес професионалците ги комбинираат овие елементи во забавни програми во иднина. До неодамна имаше многу нови  часови и програми во fusion стил кои беа креирани за да комбинираат различни елементи од фитнес програмата во час од 20-45 минути – како што се јога-сила, пилатес-јога, кардио со сила, велосипедизам со јога, итн. Сега попопуларната комбинација од два формати (пилатес+бокс=пилокс) може да се продолжи во три до четири комбинирани формати. Како и да се развива, fusion пристапот е возбудлив и сигурно ќе продолжи и во Новата година.

Практичен пристап


Основното вежбање со тегови по старата школа им помогна на многу луѓе да влезат во форма годинава. Воведот на вежбање со интервали со висок интензитет (HIIT) постигна одличен успех кај луѓето со набиена агенда, и потреба да максимално да го искористат времето за вежбање со малку или без опрема. Идејата за едноставни, основни фитнес рутини ќе продолжи бидејќи овие видови вежби може да се прават секаде во краток временски период.

Тркајте се ко луди


Трките како општинската од 5 км, трчање во кал, трчање со пречки и триатлоните привлекуваат нови фитнес ентузијасти во Новата година. Овие настани стануваат подостапни и многу луѓе доаѓаат со групи за подготовка во кои не се плаќа членарина, а ви помагаат да се подготвите за следниот настан.   Пријавувањето за трка е одличен начин кој ќе ви помогне да останете посветени и мотивирани за подобрување на нивото на фитнес.

Онлајн фитнес


За повеќето луѓе деновите кога мораше да одат до фитнес студио трипати неделно по еден час за вежби на различна мускулна група се минато. Животот станува подинамичен и луѓето немаат трпение за такви обврски што бараат време. Просечниот вежбач сака да помине малку време, а да вложи максимален напор со интервали со висок интензитет повеќепати неделно. Луѓето почнуваат да се концентрираат на дневна рутина од 20-30 минути.

Како таква, употребата на технологијата и ефикасни онлајн фитнес програми ќе продолжи да расте. Претпоставувам дека сè повеќе луѓе ќе ги употребуваат мобилните телефони за кратки рутини кои го опфаќаат целото тело. Моите Herbalife видеа со фитнес совети и Herbalife24 Active Body Fit видеата се креирани за ваков вид вежбачи. Сега, кога преносот во живо е толку лесно да се постигне, подгответе се да патувате без пасош за онлајн инстант час.

Без оглед на фитнес трендот што ќе изберете да го следите во Новата година, мора да разберете дека резултатите за здравјето и wellness-от доаѓаат со комбинација на вашата рутина за вежбање со урамнотежен план за исхрана. Поставете си нови цели за вежбање за иднина и бидете во најдобрата форма досега.

Напишано од Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор за фитнес едукација во Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:21 | NAMP2HLASPX02