Хидрација и вежбање

Print
Hydration and Exercise

Околу 60-70% од човековото тело е составено од вода, па може слободно да се каже дека е водата од витално значење за да преживееме. Водата ја регулира телесната температура, ни помога да дишеме, важна е за дигестијата и за екскрецијата, му помага на телото да се движи, и тоа не е сè!

Препорачливо е да се пијат по 8-10 чаши вода на ден, но кога вежбаме и кога е топло треба да пиеме повеќе бидејќи повеќе се потиме.

Дали е доволно да се пие само вода? Или ви треба спортски напиток за да ја одржувате хидрираноста?

Со спортски напитоци ќе ја одржувате хидрираноста и ќе имате енергија ако правите вежби со висок интензитет повеќе од еден час. Меѓутоа, ако не вежбате толку интензивно доволно е да пиете и само вода.

Што е тоа спортски напиток?

Направени се спортски напитоци (познати и како електролитни напитоци или изотоници) што содржат соодветно ниво јаглехидрати (5-8 г./литар) и електролити (како што се натриум и калиум) за одржување соодветна хидрација; го надоместуваат она што телото го изгубило со вежбање.

Дали знаете...
Истражувања покажуваат дека и дехидрација од само 1% може да предизвика големи промени во телесната температура, а дехидрација од 2% значително ги намалува перформансите! Затоа, за добро да функционираме е многу важно да го одржуваме потребното ниво на течности.

Други пијалаци што содржат голема количина јаглехидрати не ѝ даваат на водата брзо да се апсорбира со што ја одложуваат хидрацијата, и затоа не е добро да се пијат пред вежбање.

Ако правите вежби со висок интензитет, изберете спортски напиток. Но, ако правите вежби со помал интензитет, а редовно пиете спортски напитоци, телесната тежина може да ви се покачи поради дополнителните јаглехидрати во овие напитоци.

Ако не ви се допаѓа вкусот на водата, додајте парче лимон, портокал или малку нане за водата да добие поубав вкус без да добие дополнителни калории кои би ги добила ако пиете сируп на растворање.

Совети за хидрација при вежбање

  • Пред да почнете да вежбате треба да бидете добро хидрирани - течност почнете да пиете околу 2 часа пред вежбањето
  • Одржувајте го нивото течности додека вежбате
  • Не заборавајте да се рехидрирате - тоа е многу важно за регенерација. Пијте по една до две чаши на час сè додека урината не ви добие повторно бледа боја
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:40:10 | NAMP2HLASPX02