За максимален број поминати чекори во текот на денот

Print
HL_maximise_daily_step_count

Никогаш немојте да ја потценувате моќта на одењето! Секој ден одвојте време за одење пеш, тоа ќе влијае позитивно на вашето здравје и вашите фитнес цели. Си барате некаква забавна, ефикасна и друштвена активност што ќе ви помогне да додадете уште малку вежбање во текот на денот? Настојувајте секој ден повеќе да одите! Саманта Клејтон, стручњак за фитнес, ќе ви даде неколку совети за да можете секој ден што повеќе да одите пеш.

Зошто да се заљубите во одење?

  • Одењето пеш може да биде забавно, особено ако одите заедно со пријател.
  • Ако сметате дека одењето пеш не е физичка активност затоа што е со низок интензитет на напор, тогаш размислете уште еднаш. Иако не е физичка вежба со висок интензитет, одењето пеш само по себе претставува кардиоваскуларна вежба, што е од клучна важност за да си ги остварите целите.  
  • Одењето е активност што може да ја практикуваат повеќето луѓе, па затоа претставува одличен прв чекор со кој физички неактивните луѓе ќе почнат да се искачуваат по „скалилата на фитнесот“. Кога ќе почнете со една таква едноставна активност како што е одењето, тоа може да придонесе да станете физички многу поактивни.
  • Одењето пеш не ве чини пари, не треба да совладувате посебни вештини и лесно се вклопува во дневниот ритам, така што станува дел од секојдневието, на пример, може да одите или да се враќате пеш од работа.  

3 начини да одите повеќе во текот на денот  

  1. Сменете некои едноставни навики, на пример, паркирајте се малку подалеку од продавниците, слезете од автобус една станица порано, наместо со лифт качувајте се по скали, а наместо да му праќате имејл, појдете докај колегата на работа.
  2. Донесете свесни одлуки да чекорите додека зборувате на телефон, неколку пати во денот да станете од биро и 5 минути да поодите, или на паузата за ручек да прошетате. 15-20 минути поминете на подвижна лента и бидете поактивни низ дома; кога чистите низ дома и кога работите во градината исто така правите дополнителни чекори!
  3. Поставете со цели, на пример, неколку пати во текот на денот да се качувате по скали како вежба, да испешачите 5 км., да го шетате кучето 40 минути, или во текот на неделата да пешачите 2 пати по 20 минути за време на паузи за кафе. На овој начин значително многу повеќе ќе испешачите.

Дали одите доволно брзо?
Ако ви е тешко да најдете време за вежбање, настојувајте побрзо да пешачите за да го зголемите бројот на чекори за пократко време. Еве неколку брзини на одење пеш:
П = прошетка. Бавно темпо на одење, кога ви е лесно да зборувате.
Е = енергично одење. Потребно е 60% напор. Можете да зборувате, но по малку се задишувате.  
Б = брзо одење. Потребно е 70-80% напор и многу е тешко да се зборува.  
И = интензивно одење. Воопшто не можете да зборувате, одите најбрзо што можете и работите и со рацете. Добро е патем вака да се искачите и на некој рид.  

Најдобар начин да водите евиденција колку чекори сте поминале во текот на денот  
Со мала инвестиција во едноставен педометар или телефонска апликација ќе можете да следите колку чекори правите во текот на денот, впрочем, секако е невозможно да изброите 10.000 чекори во текот на денот. На пазарот има голем избор од вакви гаџети, но ви советувам да биде нешто едноставно, само да може да го закачите на облеката, да го носите на себе или в џеб, важно е да ви биде изброен секој чекор што ќе го направите! Многу од овие гаџети што се носат имаат монитори на кои се вчитува колку чекори сте направиле. Многу од мобилните апликации и алки со монитори всушност и ќе ви честитаат кога ќе го достигнете потребниот број чекори во денот.

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Заманта е Директор за едукација за фитнес во Herbalife.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:37:43 | NAMP2HLASPX02