Фитнес преобразбата на Саманта Клејтон

Print
Claytons_fitness_makeover_100x100
Фитнес преобразба чекор по чекор

Запишете си ги целите
Запрашајте се кои три специфични цели сакате да ги постигнете годинава и запишете ги. Бидете сигурни дека имате начин да го набљудувате напредокот како што се мерење на тежина или земање мерки.

Колку поспецифична е целта, толку подобро. Ако започнувате со нова активност, направете мали чекори.  Бидете практични и реалистични во врска со вашите цели за активност. Без оглед кои ви се целите, запишете ги. Многу луѓе ми имаат кажано дека им е полесно да ги остварат целите кога тие се специфични и кога ги следат нивните остварувања. Запишете што ви значи целта. Дали значи да се чувствувате поенергично, да изгледате подобро или да вежбате извесно време? Што повеќе можности креирате за да го мерите и бележите вашиот успех низ годината, толку подобри се шансите да направите промена во вашиот живот.

Заборавете на минатото
Време е да заборавите на неуспешните диети и фитнес планови од минатото и да се активирате во сегашноста. Сега, кога ги запишавте целите, започнете да ги остварувате. Време е да се фокусирате на сегашноста и да го оставите минатото да биде само минато. Штом се обврзете да бидете посветени на сегашниот избор, полесно ќе постигнете успех. Штом се разбудите, помислете дека денеска е единствениот ден што е битен (дури и ако сериозно ја прекршивте диетата минатата вечер). Нема веќе ветувања за иднина. Постигнете го она што ви е важно ДЕНЕСКА.

Менувајте го времето за вежбање
Ако секогаш вежбате наутро, обидете се да воведете една попладневна сесија неделно или обратно. Ако не вежбате наутро, пробајте да вклопите барем една утринска сесија во распоредот. Понекогаш на вашето тело му е потребна промена на рутината. Може да откриете дека одредено време е подобро за вас отколку што си мислeвте. Сите сме различни и нашите тела пооптимално функционираат во одреден период од денот. Експериментирајте за да го најдете оној период од денот кога се чувствувате најбудни и најенергични и тој период од денот нека ви биде време за вежбање. Можеби ќе откриете дека повеќе се трудите, согорувате повеќе калории и имате повеќе придобивки од рутината за вежбање.

Зголемете го интензитетот
Кој вели дека треба да поминувате повеќе време во фитнес студио за да ги остварите фитнес целите?Важите вежби нека бидат кратки и слатки или да се изразам поточно, кратки и потни! Барем двапати неделно вежбајте со интервали со висок интензитет.
Вежби што ве тераат да останете без здив. Кога нивото на интензитет е високо, сесиите може да бидат кратки, со траење од 15-30 минути. Ова е одлично за оние со набиена агенда што секогаш се вадата на истиот изговор дека немаат доволно време за вежбање.
Кој вели дека треба да поминувате повеќе време во фитнес студио за да ги остварите фитнес целите?Важите вежби нека бидат кратки и слатки или да се изразам поточно, кратки и потни! Барем двапати неделно вежбајте со интервали со висок интензитет.
Вежби што ве тераат да останете без здив. Кога нивото на интензитет е високо, сесиите може да бидат кратки, со траење од 15-30 минути. Ова е одлично за оние со набиена агенда што секогаш се вадата на истиот изговор дека немаат доволно време за вежбање.

Додајте тегови
Кратки, но ефикасни вежби треба да бидат новиот пристап кон фитнесот, особено ако имате брз начин на живот. Градењето чиста мускулна маса треба да биде основен дел од секоја програма за намалување или зголемување на тежината. Ако моментално употребувате тегови во вашата фитнес рутина, обидете се да ја зголемите тежината. Ако започнувате, употребувајте тежина со која се чувствувате удобно и со која можете да задржите добар став. Не се плашете дека ќе се напумпате ако кревате тешки тегови. Според мене, кревањето тегови со мала тежина кои не ви претставуваат предизвик по многу повторувања е само губење на скапоцено време! 

Останете активни
Деновите за одмор во распоредот се од клучно значење за вашето тело да закрепне од стресот од вежбањето. Многу луѓе не го разбираат концептот на ден за одмор. Не значи дека треба да го поминете цел ден во седечка положба! Вашата цел на ден за одмор треба да биде да го намалите стресот од кревањето тегови или вежби со висок интензитет, но не да престанете комплетно да се движите. Секој треба да настојува да биде активен минимум 30 минути, секој ден. Остатокот од денот исполнете го со забавни активности како возење велосипед, пешачење или пливање. Имајте активности со висок интензитет за да продолжите да согорувате калории, но да не се истоштите.

Забавувајте се додека вежбате
Создавањето добри навики и солидна рутина е од основна важност особено кога започнувате за првпат со план за вежби, но не треба да биде предвидливо и досадно! Кога ќе заглавите со истата стара рутина, често ментално се исклучувате и не сте продуктивни во извршувањето на задачата што ја правите. Оваа година обидете се да го држите телото на штрек со промена во стилот на вежбање или направете го вежбањето позабавно со нов партнер за вежбање или пак, со воведување забавен фитнес предизвик на неделата. Што позабавно и повозбудливо е времето за вежбање, толку понетрпеливо ќе ја очекувате следната сесија и ќе се придржувате до неа. Вежбањето не треба да биде досадно за да биде ефикасно!

Автор: Samantha Clayton, AFAA, ISSA. Samantha e директор за фитнес едукација на Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:25 | NAMP2HLASPX03