Почнете го денот со позитивно расположение

Print
1runners

Пет совети за утрински тренинг што ќе ви помогнат да се разбудите и да го почнете денот
Фокусирајте се

Пет совети за утрински тренинг што ќе ви помогнат да се разбудите и да го почнете денот

Фокусирајте се

Утринскиот тренинг ќе ви даде сила за остатокот од денот и ќе ви овозможи да се фокусирате на работите што треба да ги постигнете. Чувствувам дека чистиот ум по џогирањето ми го дава потребниот мир и спокој за да си го планирам денот и да бидам сигурна дека ништо не сум заборавила. Додека вежбате, обидете се да си го испланирате денот и така најдобро ќе го искористите времето.

Дајте му предност на вежбањето

Од многу луѓе слушам дека секогаш планираат да вежбаат, но во текот на денот си го пополнуваат целото време и не го ставаат вежбањето пред стотици други работи што треба да ги направат.

Колку пати ви пропаднале намерите за фитнес зашто денот ви бил полн со активности и сте немале време или енергија да се погрижите за телото? Ако се разбудите рано и го ако го почнете денот со тренинг, нема да ви се расипат плановите.

Бидете позитивни

Подобрете си го расположението со природен налет на здрави хормони. Вежбањето го забрзува ослободувањето на хормонот на среќата – ендорфин во телото. Ако го почнете денот со утрински тренинг, тоа ќе предизвика среќно и позитивно чувство што ќе ви влијае врз животот, како и врз животот на оние со кои контактирате преку целиот ден.

Успејте

Успехот и чувството на постигнување на целите ќе ви помогнат да стекнете самодоверба. И во спортот и во животот има неколку подобри чувства од остварување на целта. Ако стекнете добри навики и ако вежбате рано наутро, ќе ја постигнете целта да бидете активни.

Забрзајте го метаболизмот

започнете денот со вежбање, истовремено го забрзувате метаболизмот и го терате телото да ја користи енергијата за регенерација во текот на денот. Вежбањето може да го забрза метаболизмот додека телото е во мирување, што значи дека телото ќе согорува повеќе калории.

Знам дека има еден куп причини зошто не го сакате утринското вежбање. Но, ако позитивно го почнете денот и ако се погрижите за своето тело, тоа може да ви ги подобри перформансите и во другите делови од животот. Ако тренингот ви биде една од првите работи што ги правите секој ден, постои можност тоа да ви стане секојдневна навика.

Меѓутоа, секогаш велам: И малку да вежбате е подобро од воопшто да не вежбате. Навистина, добро е ако успеете да одвоите време за вежбање во кое било време од денот. Само не заборавајте секојдневно да наоѓате време за да бидете активни на некој начин. Потрудете се да бидете постојани и не дозволувајте со изговори да се откажете од најдобрoто што го можете

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор на Одделот за фитнес едукација во Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:36:46 | NAMP2HLASPX04