Како ќе ви помогнат јога и медитација да се релаксирате

Print
yoga-and-meditation

Лесни јога вежби за истегнување

Понекогаш по напорниот ден, сакам да се опуштам со лесен јога тренинг. Тоа е исто така и одличен начин да го започнете денот – со само неколку едноставни јога движења ќе си го разбистрите умот и ќе си создадете позитивна атмосфера за целиот ден.

Медитација

Според мене, медитација е само збор што го опишува времето кога ќе се исклучиме од хаосот во животот и ќе се обидеме да си го смириме умот и да бидеме во спокојна состојба на будност. Неодамна, во разговор со еден пријател сфатив дека медитацијата често погрешно се сфаќа. Овие чести погрешни сфаќања доведуваат до тоа луѓето да не ни пробаат да медитираат. Тој ми рече: „Имам пробано да медитирам зашто работата ми беше многу стресна со многу долго работно време, но се откажав од медитирање оти мислев дека воопшто не ме бидува за медитирање. Никогаш не ми успеваше целосно да си го разбистрам умот, а тоа ме фрустрираше и се откажував. Но, сега разбирам дека мислите што се јавуваат се, едноставно, дел од процесот.“ Ова точно опишува како порано се чувствував јас кога се обидував да медитирам.
Како и за сите работи поврзани со здравјето и фитнесот, има голем број различни мислења и многу методи. Денеска ќе ви ги откријам моите практични совети како да го смирите умот и како со едноставни и практични совети за медитација тоа да се одрази на вашиот ден. 

Како и за сите работи поврзани со здравјето и фитнесот, има голем број различни мислења и многу методи. Денеска ќе ви ги откријам моите практични совети како да го смирите умот и како со едноставни и практични совети за медитација тоа да се одрази на вашиот ден.

Едноставни работи што треба и не треба да се прават во медитација

Не мислете дека ви треба потполно тивко и мирно место за да медитирате. Во реалниот свет, а особено во дом со деца или во канцеларија, речиси е невозможно да биде целосна тишина.

Обидете се да се оддалечите од сите поголеми работи што ви го одвлекуваат вниманието како што се телефони, компјутерски екрани и многу гласни простори. Едноставно, тргнете се подалеку од екранот. Ако сте дома, затворете ја вратата од спалната.

Не убедувајте се себеси дека ви треба специјална опрема како што се подлога, ѕвончиња или прекривки за јога, зашто може да медитирате секаде. Ако се навикнете на помалку опрема, ќе ви биде полесно најдете малку време за медитирање.

Обидете се да седнете или да легнете на удобно место каде што се чувствувате релаксирано. Очите може да ви бидат и отворени, и затворени, направете како што ви одговара.

Не форсирајте се да почнете да дишете на некој одреден начин, на пример дишење од дијафрагма или дишење преку нос. Тоа може уште на почетокот да ве обесхрабри или да ве зашемети. Првин научете да се чувствувате удобно додека медитирате, па потоа ќе работите и на техниката за дишење.

Фокусирајте се на дишењето. Почувствувајте како воздухот влегува и излегува од телото. Едноставно, бидете свесни за дишењето и за тоа како се чувствувате.

Не почнувајте да мислите на негативни работи кога ќе ви текне на списокот за на пазар или списокот на тоа што треба да го сработите денеска.

Вратете го фокусот на дишењето.

Не правете долги списоци со афирмации или со цели на кои ќе мислите или ќе ги кажувате на глас.

Смислете си еден или два клучни збора што ви помагаат да се релаксирате или ве водат кон позитивно чувство на благосостојба.

Поставете си цел да најдете 20 минути што ќе ги поминете во тишина, еднаш до двапати дневно. Не заборавајте дека медитацијата се смета за вежбање, исто како и јогата. Да, тоа значи дека треба подолго време да вежбате за целосно да ги почувствувате смирувачките ефекти.

Уживајте во ова бегство од хаотичниот начин на живот.

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор на Одделот за фитнес едукација во Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:52 | NAMP2HLASPX02