Разберете. Успејте. Задржете.

Print
maintain_conquer100x100

2017 Г. НЕКА БИДЕ ГОДИНАТА КОГА ЌЕ СТИГНЕТЕ ДО ЦЕЛНАТА ЛИНИЈА И ЌЕ ОСТАНЕТЕ ТАМУ

Секој 1 јануари луѓето низ светот ја започнуваат Новата Година целосно мотивирани да истраат во одлуките за промена. Но, два месеци подоцна многу од нас се веќе се вратиле на старите навики и изгубиле претстава за она што се обидувале да го постигнат.

Затоа да ја направиме оваа година поинаква. Истражувањето покажува дека е поверојатно дека ќе се придржувате до одреден план ако имате поддршка од другите*, па затоа вклучете ги вашите пријатели – поддржувајте се взаемно за да ја остварите целта, кога мотивацијата ви попушта. Изберете вежби во коишто уживате и направете го вежбањето забавно. Запишете се на час за готвење и бидете креативни со здрави рецепти. Наградете се. Поставете си реални цели и направете план за да ги остварите на здрав начин.

И запомнете, Членот на Herbalife е тука да ви помогне. И тие биле на ваше место и постигнале успех. Прашајте ги за совет и објаснете им каде сакате да бидете ова време следната година: тие ќе ви ја помогнат да ја изберете вистинската програма за вас и ќе ја прилагодат според вашите цели.

СИМНЕТЕ СИ ГО ТОВАРОТ ОД МИСЛИТЕ
Спротивно на она што ви го покажува вагата, секоја тежина не е иста. Може сте слушнале дека „мускулите тежат повеќе од мастите“, но тука има малку повеќе простор за дискусија...

Килограм масти тежи исто толку колку килограм мускули – килограмот си е килограм на крајот на краиштата. Она што е битно да знаете е просторот што двата вида тежина го зафаќаат во телото. Килограм масти зафаќа поголем простор во телото во споредба со килограм мускул којшто е позбиен и покомпактен.

За ова го ставиме во контекст, кога почнувате да вежбате и да внимавате на исхраната, почнувате да губите масти и да создавате мускули. Како што мастите се заменуваат со мускулна маса тежината може да не ви се променува или да ви се зголеми.

Што тоа значи за вас? Ако возите точак, вежбате јога и/или кревате тегови редовно, не паничете за бројките на вагата! Сè додека се храните здраво и урамнотежено, а притоа вежбате, вашиот сооднос на мускули и масти е веројатно дека ќе се подобрува**. Грижата за здравјето и подобрувањето на начинот на живот е добра работа, па фокусирајте се на тоа како се чувствувате, а не на тоа колку килограми имате.


ШТО ЗНАЧИ ЗДРАВО ЗА ВАС?
Кога се зборува за идеална тежина и процената на тоа што здравата тежина претставува за вас, многу луѓе прибегнуваат кон Индексот на телесна маса (BMI). Но, дали тој го прави она што вели дека го прави?

Со пресметка на висината и тежината, Индексот на телесна маса ве рангира на нумеричка скала од четири категории што покажуваат според тежината дали имате: премала, нормална, прекумерна тежина или прекумерна дебелина. BMI од 18-25 се смета за нормален.

Но, иако ова е корисно како прва алатка за анализа, BMI не ги зема предвид вашите телесни масти или мускули.

Земањето предвид само на тежината и висината е како читање половина приказна и потоа погодување на крајот што значи дека BMI можеби сепак не е најсоодветниот пристап.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:03 | NAMP2HLASPX03