Зошто планинарењето треба да ви стане дел од животот?

Print
Make-Hiking-Part-of-Your-Life

Постојат многу причини за планинарење

Ако сакате нова авантура, ако треба да ја намалите телесната тежина или ако сакате да почнете добра бесплатна активност со семејството или со пријателите, почнете да планинарите. Придобивките за здравјето кои произлегуваат од планинарењето се многубројни. Ова се моите топ 5 причини за планинарење:

1. Ја подобрува кардиоваскуларната функција

Вежбањето со низок до умерен интензитет се поврзува со подобрувањето на капацитетот на белите дробови и ја зголемува срцевата функција.

2. Ја подобрува рамнотежата и координацијата

Нерамниот и разновиден терен на повеќето планинарски патеки го тера телото да ја подобри својата стабилност, а така со време ќе се подобрат и рамнотежата и координацијата.

3. Ја подобрува менталната способност

За да се ослободите од стресот, потребно е да одвоите време од секојдневните обврски и да уживате на воздух, а стимулот од убавините на природата, како што се глетките, мирисите и текстурите, ќе ви помогне да ја подобрите менталната способност.

4. Забава

Забавно е да се откриваат нови патеки и да се минува време на отворено, па ако успеете да одвоите време од секојдневните обврски и заедно со своите пријатели да практикувате некоја активност како што е планинарењето, може да си го подобрите расположението.

Секогаш како спортист

Можете релаксирано да си планинарите и да уживате во околината, да си разговарате со пријателите или да уживате во природата, но планинарењето можете и мудро да го искористите па да го претворите во спортска авантура на согорување калории.

Ова се моите топ четири совети како да извлечете повеќе од планинарењето:

1. Темпо

Одберете соодветно темпо и обидете се да трчате по патеката, така ќе го зголемите интензитетот на планинарењето. Ако не сте спремни за трчање, пробајте брзо пешачење или џогирање.

2. Стрмнини

Колку пострмен е ридот, толку повеќе напор ќе треба да вложите. Најдете рид што ќе биде вистински предизвик за вас.

3. Надморска височина

Тренингот на поголема надморска височина има многу придобивки за здравјето и може да го подобри нивото на вашата општа физичка спремност. Но, тоа е нешто што треба постепено да го градите.

4. Површина

Менувајте ја површината на патеката по која планинарите. Започнете со рамна патека што постепено ќе ја замените со песоклива или карпеста површина. Пешачењето на нерамен терен ги активира и ги зајакнува и најмалите мускули и тетиви на стапалата и на зглобовите на нозете.

Автор: Саманта Клејтон, AFAA, ISSA. Саманта е директор на Одделот за фитнес едукација во Herbalife
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:36:57 | NAMP2HLASPX02