Прекинете го циклусот на јо-јо диети

Print
Breaking the Yo-Yo Diet

Една моја долгогодишна пациентка ослабе 68 кг. Пред да почнете да размислувате „Леле, тоа се многу килограми“, или „Како ли го направила тоа?“, да ви кажам дека не ги симна сите тие килограми одеднаш. Всушност, таа веќе петпати по ред ги губи истите 13 кг. Таа е класична „јо-јо диеталка“ – качува и симнува килограми, но ретко се задржува на иста тежина. Одамна е веќе познато дека е поверојатно луѓето да имаат јо-јо ефект во слабеењето кога се на премногу строг режим на исхрана за слабеење, зашто е невозможно да се придржуваат долго време. Штом ќе направат грешка и ќе отстапат од режимот, се враќаат на старите навики, се враќаат и килограмите и целиот тој циклус почнува од почеток.

Нема ништо лошо во тоа да се биде амбициозен, со голема желба тежината да се држи под контрола. Кога имате желба и мотивација да ја постигнете својата цел, веќе сте добиле половина од битката.  Меѓутоа, треба да знаете дека ако се обидувате да постигнете премногу за прекратко време, тоа лошо ќе ви се одрази. Бидете реални во врска со тоа колку работи можете да смените одеднаш, и прифатете го резултатот што тие промени ќе ви го донесат.

Водете си евиденција како напредувате, тоа е проверена стратегија да не отстапите од зацртаниот план. Ќе ви помогне и ако најдете извори на поддршка. Супер е ако имате друштво за вежбање, а на некои луѓе многу им значи помошта што ја добиваат преку онлајн заедници. За крај, бидете флексибилни и учете од своите грешки. Ако пробате некој нов режим на вежбање или нов вид храна кои не ви се допаѓаат, тогаш пробајте нешто друго. Не заборавајте, не ви е цел да намалите што е можно повеќе килограми за што е можно пократко време, туку да изградите здрави навики во исхраната и во физичката активност што ќе ви помогне да ја намалите тежината и да го задржите резултатот.

Се разбира, решавањето на проблемот со јо-јо диетите во голема мерка зависи и од промените што ќе ги направите во однесувањето. Јадете помали, почести оброци. Водете сметка во секој оброк и ужина да внесувате и протеин. Организирајте си ги оброците однапред, водете евиденција како напредувате и најдете си некој да ви помогне – сето ова ви е многу важно за да успеете. Нема далеку да стигнете ако тргнете со спринт кон целта, па потоа  почнете да џогирате во спротивната насока. Кога се работи за успешно намалување на вишокот килограми, трката ја добиваат оние што трчаат пополека и стабилно.

Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е платен советник за Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:36:27 | NAMP2HLASPX04