Несовладлив одбранбен механизам

Print
Couple-under-umbrella_100px

Кога ќе почне да заладува, може да ви се случи да добиете кашлица или настинка, па затоа е добро уште сега да размислите што може да направите со исхраната за да го одржувате имунолошкиот систем во тип-топ форма.

Имунолошкиот систем претставува вграден одбранбен механизам на телото. За добар одбранбен механизам, на телото му треба добра исхрана и здрав начин на живот.

Урамнотежената исхрана претставува одличен старт, зашто на имунолошкиот систем му помагаат голем број хранливи материи. Клучни играчи се овошјето и зеленчукот, затоа што тие ви обезбедуваат избор од витамини и минерали, како на пр. витамин Ц, витамин А и цинк, кои придонесуваат кон одржување на функцијата на имунолошкиот  систем.

Вашето тело зависи од стабилен прилив на витамини, особено витамин Ц, од овошјето и зеленчукот, за да се заштитат клетките од оксидативен стрес и да ја потпомогне функцијата на имунолошкиот систем.  Имунолошкиот систем има и свои „специјалци“ во облик на бели крвни зрнца. Овие клетки произведуваат специјализирани протеини – наречени антитела – кои ги пронаоѓаат и ги уништуваат непријателските вируси и бактерии. Антителата се протеини, па затоа треба да внесувате соодветен протеин во исхраната за да се осигурите дека вашето тело ќе може да ги произведува потребните антитела.

Од храната што содржи здрави протеини – како што е рибата, живината, посното месо, сојата и млечните производи со ниска масленост – го добиваме градежниот материјал што му е потребен на телото за да ги создаде овие специјализирани протеини, како и важни витамини и минерали како што се Б2, Б12, цинк и бакар, кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Правилната исхрана го трасира патот кон добро здравје. А, за да му помогне на вашето тело да се бори против натрапници, вашата внатрешна “војска“ треба да добива најдобра можна исхрана.

Автор: Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD. Сузан е Herbalife стручњак за исхрана и регистриран диететичар.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.09.2017 08:34:02 | NAMP2HLASPX02