Мали промени може да доведат до големи загуби

Print
Small Changes Can Add Up Big Losses

Кога малку подобро ќе погледнете каква храна јадете најчесто – и колку и што вежбате во текот на денот – нема да ви се верува што сè може да постигнете со многу мали промени. Еве неколку мали промени со кои може за една година да намалите 30 килограми:  

  • Продолжете го вежбањето за 20 минути – тие дополнителни 100 согорени калории во текот на денот значат дека за една година ќе намалите 5 килограми.
  • Ако петпати неделно појадувате некакво печиво и кафе, печивото заменете го со протеински шејк и на тој начин ќе заштедите околу 250 калории дневно – доволно да намалите 8 килограми за една година
  • Здравата навика да се јаде салата 7 пати неделно станува контрапродуктивна ако е зеленчукот натопен со прелив. Ставете само по 1 лажица прелив во салатата и со тоа ќе заштедите преку 1000 калории неделно – и ќе намалите 7 килограми годишно.
  • Трипати неделно, наместо попладне да изедете чоколадо за да ви се качи енергијата, изедете по една мала протеинска плочка и испијте една шолја чај. Така може да намалите до 600 калории неделно – што е доволно да намалите близу 4 килограми годишно.
  • Сендвичи се јадат во просек 5 пати неделно и секогаш содржат и парче кашкавал. Наместо кашкавалот ставете салата и ќе заштедите по 500 калории неделно. Само со оваа една промена ќе изгубите уште 3 килограми годишно
  • Десерти се јадат шест пати неделно – обично бисквити или сладолед, што изнесува околу 200 калории. Заменете ги со парче овошје и така ќе намалите доволно калории за да симнете уште 4 килограми годишно.

Автор е Сузан Бауермен,  MS, RD, CSSD. Сузан е платен консултант во  Herbalife.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:20 | NAMP2HLASPX04