Накачување на водата во телото: како да се избегне

Print
Water weight gain: how to avoid it

Дали е вода или сало?

Добрата вест е дека привременото накачување на вода во телото е токму тоа – привремено, и вода е... не е сало. (речиси е невозможно преку ноќ да се здебелиме 1,5 кг. За складирање 500 грама сало, ќе ви требаат 3.500 калории повеќе од вашите потреби – што значи ќе треба да изедете 10.000 калории плус од она што ви е потребно за да се поправите 1,5 кг. во еден ден.)  

Совети за редуцирање на привременото накачување вода во телото

Привременото накачување на вода во телото често може да се спречи со неколку едноставни промени во исхраната.

  • Јадете помалку сол
    Храната што ја јадете нека биде што е можно поблиску до својата природна состојба, зашто колку е повеќе преработена храната, толку поголема е содржината на натриум. Консумирањето крицки, супи, зачини, и не додавајте многу сол во готвењето и кога ќе седнете да јадете. 
  • Намалете го внесот на рафинирани јаглехидрати и на слатки
    Наместо високо рафинирани јаглехидрати како што е белиот леб, обичните тестенини и белиот ориз, преминете на интегралните опции. На дигестивниот систем му е потребно повеќе време да ги обработи, и затоа кога ги јадете тие не доведуваат до скокови на шеќерот во крвта – ниту до зголемено лачење инсулин. Исто така, засладените пијалаци заменете ги со вода или со чај.
  • Пијте многу вода
    Се чини како последното нешто што треба да се направи – да му додадете уште течност на телото кое е веќе преплавено со вода. Меѓутоа, кога пиете течности, му помагате на телото да го елиминира вишокот сол и вода. Настојувајте да испиете 6-8 чаши вода во текот на денот.
  • Внесувајте калиум
    Калиумот игра клучна улога во одржувањето баланс на течностите во организмот, и затоа мора да биде во соодветен баланс со натриумот. Овошјето и зеленчукот се богати со калиум, но повеќето луѓе ни оддалеку не внесуваат доволно калиум во исхраната. Настојувајте во секој оброк и ужина да изедете по едно парче овошје или зеленчук.  

Автор: Сузан Бауермен, MS, RD, CSSD. Сузан е платен консултант за Herbalife

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:38:07 | NAMP2HLASPX03