Специјалитет од пилешко и интегрален ориз

4 порции
Print
Healthy food

Пробајте ја оваа полесна верзија на популарните специјалитети со ориз - со интегралниот ориз и зеленчукот се внесуваат растителни влакна.

Состојки:

  • 2 шолји свежо зготвен интегрален ориз
  • 4 половини пилешки гради, без коска и без кожа
  • 2 шолји брокула, на залачиња
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 2 шолји исечкана кинеска зелка
  • 2 моркова, на лентички
  • 1/2 кромид, исечкан
  • 2 чешниња лук, исечкан
  • 1 перце млад кромид, исечкан
  • 2 лажичка исечкан свеж ѓумбир
  • Теријаки сос

Приготвување:

Зачинете ги пилешките гради од двете страни со сол и црн пипер. Со масло попрскајте голема тава што има капак. Загрејте ја тавата на среден оган една минута. Ставете ги пилешките гради во тавата и гответе 5-7 минути или додека месото не почне да заруменува. Свртете ги пилешките гради од другата страна, покријте ја тавата и намалете го малку огнот. Оставете го пилешкото да се готви 12-15 минути во сокот што ќе го пушти или додека не е готово. Изгаснете го огнот; извадете го пилешкото од тавчето, исечете го на парчиња, вратете го повторно во тавчето и покријте го за да биде топло.

Додека се готви пилешкото, во полузатворено тенџере ставете 4 чаши вода да зовријат. Кога ќе зоврие водата, ставете ја брокулата да се вари 1 минута додека не добие светло зелена боја и малку не омекне. Исцедете ја брокулата, но не плакнете ја.

Загрејте голема тава на силен оган и додајте маслиново масло. Додајте брокула, зелка, моркови, кромид, лук и млад кромид и ѓумбир и мешајте 3-4 минути додека зеленчукот не добие крцкава кора. По вкус зачинете со сол и црн пипер.

Поделете го зготвениот интегрален ориз во четири чинии. Прелијте го оризот со зеленчукот и со исечканите пилешки гради, а потоа по вкус со теријаки сос.

Нутритивна вредност за една порција:

КалорииПротеинМастиЈаглехидрати
32034 гр5 гр12 гр
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.09.2017 08:30:46 | NAMP2HLASPX02