Салата со зеленчук и киноа – 145 калории

Print
quinoa-salad
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 шолја (50 гр.) свеж мешан зеленчук, ситно исечкан (брокула, морков, бабура, тиквичка, домат, кромид, итн.)
  • 1/4 лажичка куркума во прав
  • 1 шолја (170 гр.) свежа киноа, кој било вид (измијте ја со ладна вода ако ја немате претходно измиено)
  • 2 шолји (500 мл.) пилешки или зеленчуков бујон.

Загрејте го маслото во тенџере на умерена температура додека не почне да крчка. Додајте го сечканиот зеленчук и пржете го, со постојано мешање,  додека не омекне, 3-4 минути. Додајте ја киноата и мешајте 1-2 минути додека не се потпече малку. Додајте го бујонот и оставете го да зоврие. Намалете ја малку температурата, покријте го тенџерето и оставете го да крчка 10-12 минути додека да се апсорбира течноста.

Во 1 порција

Калории:  145 кал.
Протеин: 4 гр.
Масти:  3,5 гр.
Јаглехидрати:  28 гр.
Раститлени влакна:  2,5 гр.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 17.11.2017 09:39:01 | NAMP2HLASPX02