Дали ли ги внесувате овие нутриенти преку исхраната?

Print
Are you getting these nutrients in your diet?

Дали ли ги внесувате овие нутриенти преку исхраната?

Фолна киселина

Зошто е потребно да се внесува? Фолната киселина - или фолатот, облик во кој фолната киселина се наоѓа во храната - е еден од осумте витамини Б и помага во растот на плацентата за време на бременоста. Затоа е важно жените да внесуваат соодветна количина пред и за време на бременоста. Фолната киселина придонесува за нормална синтеза на аминокиселините, има улога во процесот на делба на клетките, а придонесува и за нормално формирање крвни зрнца.

Кои производи ја содржат? Зборовите фолна киселина и фолат потекнуваат од латинскиот збор „folium“ што значи лист, а има добра причина за ова. Листестиот зеленчук изобилува со овој витамин. Може да го најдете и во аспарагус, брокула, авокадо и цитрусно овошје, како и во јатки и мешунки.

Витамин А

Зошто е потребно да се внесува? Клучната функција на витаминот А е да помага во одржување здрав вид. Овој витамин ги пренесува нервните импулси од окото до мозокот.

Кои производи го содржат? Витаминот А во својата активна форма (што телото може веднаш да ја користи) го има во неколку производи од животинско потекло, како што се: црниот дроб, јајцата и путерот. Повеќето луѓе витаминот А најмногу го внесуваат во облик на бета-каротен, соединение што им ја дава темнозелената, жолтата и портокаловата боја на голем дел од овошјето и зеленчукот. Телото може лесно да го претвори бета-каротенот во активна форма на витаминот А. Бета-каротенот го има во многу видови разнобојно овошје и зеленчук, меѓу кои: моркови, тикви, праски, кајсии, папаја, слатки компири, листест зеленчук и брокула.

Калциум

Зошто е потребно да се внесува? Голем дел од луѓето знаат дека калциумот е важен за да се одржуваат ткивата здрави, а има и други важни улоги и помага за нормална невротрансмисија, што значи им помага на клетките од нервниот систем во комуникацијата.

Кои производи го содржат? Although most people look to dairy products first—and they are the richest sources of calcium—you can also find it in leafy green vegetables, tofu, beans and alИ покрај тоа што голем дел од луѓето прво помислуваат на млечните производи – и точно е дека тие се најбогати извори на калциум – калциумот го има и во листестиот зеленчук, тофу, мешунките и бадемите.

Витамин Д

Зошто е потребно да се внесува? Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциум и фосфор од дигестивниот систем, што значи дека има многу важна улога бидејќи му помага на телото да одржува здрави заби и коски, органи каде што се складираат овие минерали. Витаминот Д е потребен и за нормална мускулна функција и помага за нормална активност на имунолошкиот систем.

Кои производи го содржат? Витаминот Д понекогаш го викаат „сончев витамин“ бидејќи телото може да го произведува во кожата кога сме изложени на доволна количина сончева светлина. Меѓутоа, голем дел од луѓето не се изложени на сонце доволно време поради многу фактори, како на пр., начинот на живот, па кај нив не се произведува соодветна количина витамин Д. Има само неколку производи што се природни извори на витамин Д. Најважни се масните риби, жолчката од јајце и црниот дроб, па затоа може да кажеме дека млекото се смета за важен извор на витамин Д. Во многу земји млекото е збогатено со витамин Д.

Калиум

Зошто е потребно да се внесува? Калиумот придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за одржување нормален крвен притисок. Сите мускули, меѓу кои и срцевиот мускул, имаат потреба од калиум за да одржуваат нормална мускулна функција.

Кои производи го содржат? Овошјето и зеленчукот содржат големи количини калиум. Од овошјето, најбогати со калиум се дињите, бананите, авокадото, кајсиите, цитрусното овошје и јагодите. А, од зеленчукот: доматите, морковите, спанаќот и брокулата. Млекото, покрај тоа што содржи калциум и витамин Д, е и богат извор на калиум.

*https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2009.1221

Сузан Бауерман е постар директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 25.06.2019 05:19:31 | NAMP2HLASPX01