Како да се храните поздраво со правилно комбинирање на храната

Print
HowtoGetBetterNutritionWithFoodPairing

 

  • Разнобоен зеленчук со малку масти.

Голем дел од овошјето и зеленчукот содржи соединенија каротеноиди. Тоа се природни пигменти што на храната ѝ даваат убава боја - на пр., на доматите боја им дава ликопенот, на морковите бета-каротенот, а на спанаќот лутеинот. Овие важни соединенија се растворливи во масти, што значи дека кога зеленчукот го јадете во комбинација со малку масти, телото апсорбира поголема количина каротеноиди. Така, на пример, во салата може да додавате здрави масти од авокадо или од маслиново масло за да се апсорбираат каротеноидите што ги има во марулата, морковите и доматите.

  • Витамин Ц со зеленчук и житарки што содржат железо.

Во храната железото го има во две форми. Едната е „хем“ железо и го има во риба и месо и полесно се апсорбира во телото во споредба со „не-хем“ железото што го има во некои зеленчуци и житарки. Телото подобро го апсорбира железото ако во комбинација со некој извор на не-хем железо внесете и малку витамин Ц. Така, доматите во чили сосот ќе ви помогнат да го апсорбирате железото од гравот. Јаготките ќе ви помогнат да го апсорбирате железото од житарките. А железото од спанаќот подобро ќе го апсорбирате ако во салата со спанаќ додадете некое тркалце портокал или грејпфрут.

  • Риба и листест зеленчук.

Кога пиете млеко збогатено со витамин Д, тој ви помага калциумот од млекото добро да се апсорбира. Но, калциумот и витаминот Д може да ги искомбинирате на уште подобар начин: со риба и зеленчук. Витамин Д има во масна риба како што се лосос и скуша, а калциум во листест зеленчук како што се  листови од трупка, листови од синап и кељ. Со комбинирање на овие видови риба и зеленчук на телото ќе му помогнете да го апсорбира калциумот од зеленчукот.

Сузан Бауерман е постар директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертицифиран специјалист за спортска исхрана

 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.10.2019 02:28:01 | NAMP2HLASPX01