Кои производи се супер храна?

Print
superfoods

Кога ќе го слушнам зборот супер храна, не можам, а да не помислам на суперхерој. Самиот поим укажува дека овие производи содржат повеќе нутриенти од останатите. Но, не постои посебна категорија супер храна. Ова е само поим што се користи за здрава храна богата со нутриенти.*

Општо гледано, производите што содржат најмногу нутриенти се од растително потекло. Содржат изобилство витамини, минерали и растителни влакна, како и фитонутриенти – најголем дел од нив имаат иста улога како полифенолите од маслиново масло: придонесуваат за заштита на липидите во крвта од оксидативен стрес. Ако внесувате храна од растително потекло, всушност внесувате голема количина храна што се смета за супер храна – па дури и ако не е толку егзотична како што е мангото или какаото во зрна.

Повеќето листи на супер храна се многу слични. Бобинките, листестиот зеленчук и јатките се наоѓаат на врвот на речиси секоја листа. Тука спаѓа и масната риба. Од година во година се менува само фокусот од еден на друг производ. Оваа година, блитвата го замени кељот, а следната година можеби киноата ќе ја замени блитвата.

Трендовите за храна не се разликуваат од другите трендови. Постојано бараме нешто ново и необично. Можеби кај супер храната бараме нешто што ќе биде уште подобро од она што веќе го имаме пробано.

Здравата храна е супер храна

IНе треба да се фокусирате само на еден одреден супер производ или само на придобивките за здравјето од него, важно е да ги внесувате сите супер производи бидејќи од сите имаме еднакво добри придобивки. Повеќето производи од растително потекло се супер храна поради оваа причина: секој од нив има сложена структура и содржи уникатна комбинација од витамини, минерали и секако фитонутриенти.

Храната од растително потекло содржи толку многу корисни соединенија што е невозможно да знаеме како секое од нив може да ни го подобри здравјето.

Кога клинички ќе се испита одреден производ и ќе се утврди дека е корисен за здравјето, тој производ се смета за супер храна. Затоа често се случува да се фокусираме на него и да изоставаме други производи што може да се исто толку корисни. Односно, ако внесуваме само одредени производи што се сметаат за супер храна, нема да внесуваме други производи што се еднакво корисни, но на поинаков начин.

IПред многу години, имав клиент што правеше вака. Го следеше секој нов тренд за супер храна. Секој ден ги внесуваше производите во точно одредена количина од која, се сметаше, дека ќе има најголеми придобивки.

Тогаш, најпопуларни супер производи беа: овесните снегулки, боровинките, спанаќот и бадемите. Толку цврсто веруваше во моќта на овие производи што никако не ги заменуваше со други. Всушност, можеше да внесува друг вид житарки, овошје, листест зеленчук и јатки и да има еднакво добра исхрана.

Храната од растенија е супер храна

Колку што кељот е богат со нутриенти исто толку се и листовите од трупка, листовите од синап, блитвата и спанаќот. Слаткиот компир е одличен. Но, и останатиот портокалов зеленчук, како што се: морковите, тиквата и мускатната тиква, си има свои предности.

Преку трендовите за храна дознаваме за производи што претходно не сме ги пробале. Затоа, ако ги следите најновите трендови за супер храна, само додавајте ги новите супер производи на листата производи што веќе ги јадете.

*Витамините и минералите, како што се: бакар, манган, рибофлавин, селен, витамин Ц, витамин Е и цинк, придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Сузан Бауерман е постар директор на Обука за исхрана во Herbalife. Сузан е регистриран нутриционист и сертифициран специјалист за спортска исхрана

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 21.04.2019 11:52:15 | NAMP2HLASPX01