4 едноставни совети за нега на кожата кај мажите во лето

Print
4_Simple_Steps_Keep_Men_Skin_Healthy

Филмските ѕвезди не се единствените што сакаат да имаат совршена кожа во лето. И мажите кога ќе се погледнат во огледало понекогаш гледаат работи што сакаат да ги променат, но тоа може да биде комплицирано со широкиот избор производи што ги има во продавниците. Всушност, не ви требаат 100 производи за да имате убава кожа во лето. Ви требаат само основни производи, а тука спаѓаат: производ за брадата, производ што нема цветен мирис, а е добар за брчки и производ за отстранување на вишокот маснотии.

Кожата на мажите е најпроблематична во пределот околу брадата. Прво, важно е што користат за бричење и како ја негуваат кожата по бричење. Побарајте производи што содржат освежителни состојки како што се масла од портокал, од цитрусно овошје и од грејпфрут. По бричење користете производ што не содржи алкохол. Има многу добри тоници во продавниците што не содржат алкохол и се во облик на спреј така што лесно се користат. Помагаат за хидрација на кожата по бричење без да ја иритираат.

Цвеќињата се одличен подарок, но никој не сака да мириса на цвеќе. Мажите понекогаш не ја хидрираат кожата правилно заради хидрантните кремови со сладок мирис. Побарајте хидрантен крем со дополнителни корисни состојки како што се SPF и антиоксиданси. Тие ќе ја одржуваат кожата мека и хидрирана што значи ќе се намали појавата на ситни линии и брчки. Дневниот хидрантен крем со SPF обезбедува УВ-А/УВ-Б заштита и ја заштитува кожата од прерано стареење.

Задолжително треба да користите соодветно млеко за чистење на кожата, тоник, хидрантен крем и маска за лице еднаш неделно. Ставајте маска за лице еднаш или двапати неделно и така ќе ги отстраните наталожените нечистотии. Побарајте маска што содржи состојки како што е глината бентонит, која е позната по моќните својства да ги отстранува нечистотиите и да ги апсорбира вишокот маснотии. Ставањето маска еднаш неделно помага за регулирање на количината маснотии што ја произведува кожата. Може да си ставате маска по трчање, по вежбање или додека ги плаќате сметките онлајн.

Ако користите соодветно млеко за чистење лице, тоник што не содржи алкохол, хидрантен крем со SPF и маска еднаш неделно во текот на летните месеци, кожата ќе ви изгледа свежо и здраво. Ако не знаете од каде да почнете, побарајте совет. Советувајте се и со дерматолог за тоа што е најдобро за вашата кожа. Првото нешто што луѓето го забележуваат е кожата, затоа имате само една шанса да оставите добар прв впечаток. Ова лето, или во кој било друг период од годината, почнете да ја негувате кожата. Ви требаат само неколку минути и вие го заслужувате тоа!

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 16.09.2019 03:24:47 | NAMP2HLASPX04