7 face cleansing tips for healthier skin

Print
7_face_cleansing_tips100x92

Чистете го лицето двапати на ден: наутро и навечер пред спиење, без изговори. Иако кожата ви изгледа чиста, не значи дека е чиста. Може да има наталожено невидливи нечистотии што може да ѝ наштетат на кожата. Затоа ослободете се од нив.

Избегнувајте обични сапуни и користете нежно млеко за чистење лице што одговара на вашиот тип кожа.


Никогаш не бришете се со крпата за раце што ја користат сите членови од семејството. Ако не е чиста, може да ви се пренесат бактерии на измиеното, чисто лице. Пробајте го овој брз тест со мирисање. Ако крпата не мириса како да е штотуку испрана, ставете ја за перење и земете си чиста.


Само измијте се со топла вода, но не со премногу жешка или премногу ладна вода. Превисоката или прениската температура на водата може да ја иритира кожата и да ѝ наштети.
Правете си ексфолијација најмалку еднаш неделно. Нежната ексфолијација ја отстранува мртвата кожа од лицето и ја прави кожата помека и поблескава. Исто како и кога бирате млеко за чистење лице, изберете ексфолијант што одговара на вашиот тип кожа.
Одвреме-навреме уплатете си третман на лице. Исто како што одите на стоматолог за чистење забен камен, и на кожата и треба длабинско чистење. Колку често ќе одите на третман зависи од вашиот тип кожа. Разговарајте со вашиот козметичар за да одредите колку често треба длабинско да ја чистите кожата.
Нежно чистете ја кожата во пределот околу очите. Кожата во пределот околу очите е најтенка на целото тело. Затоа бидете особено внимателни кога ја чистите.

Дали веќе ги правите овие работи? Одлично. Сите сме зафатени и понекогаш ги прескокнуваме едноставните работи, но чистото лице и чистата кожа ќе ви ја зголемат самодовербата.


Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 25.06.2019 05:22:16 | NAMP2HLASPX01