Совети за брзо разубавување

Print
Beauty_routine_in_half_the_time

Совети за брзо разубавување

Подгответе се

Завршете колку што е можно повеќе обврски навечер за да си олесните наутро. Истуширајте се или избањајте се, намачкајте се со млеко за тело, а може дури и да си ставите парфем пред да си легнете. Размислете што ќе облечете. Ако облеката треба да се испегла, завршете го и ова..

Средете си ја косата за кратко време

Ако немате време да ја миете и да ја средувате косата наутро, искористете ги овие брзи совети. Врзете ја во коњско опавче, сплетете плетенка, а понекогаш може да си ставите и шапка. Ако ви се мрсни шишките или коренот, одделете ги и набрзина измијте ги. Потоа исфенирајте ги и подготвени сте за неколку минути. Измијте ги шишките или само предниот дел од косата пред да си легнете и утредента ќе имате фризура без да потрошите ни малку време. Ако немате време, напрскајте сув шампон на коренот. Сувиот шампон ги апсорбира вишокот маснотии и ѝ дава волумен на косата.

Нашминкајте се набрзина

Немате време да чекате за да ви се исушат производите за нега на кожа или за да се фиксира шминката? Земете го фенот за коса. Вклучете го да дува ладно и свртете го кон лицето. Производите брзо ќе се исушат и ќе бидете спремни за следниот чекор за разубавување наутро. Овој совет ми е омилен зашто, без оглед на сè, производите за нега на кожа сакам наутро да ги нанесувам. А и никако не сакам да прескокнам да ставам серум или хидрантен крем, кои се фантастични за кожата.

Расчистете ја полицата за шминкање

Голем дел од нас имаат премногу производи за разубавување. Кога имате многу слободно време, забавно е да експериментирате со нив. Но, наутро кога брзате, нередот ќе ви одземе многу време додека се спремате.

Ако имате производи што не ги користите редовно, ставете ги настрана. Производите што ги користите секој ден нека ви стојат на лесно пристапно место. Ако знаете дека наутро немате време, подредете ги производите по ред како што ги нанесувате. Кога сè ви е при рака, нема да губите време за да барате одреден производ

Купувајте повеќенаменски производи

Побарајте производи како што се: хидрантно млеко за чистење, тониран хидрантен крем, коректор за подочници, руменило што може да се користи и за јаболчици и за усни и за очи, балсам за усни во боја, итн. Кај мажите е популарно да се користи повеќенаменски шампон, регенератор и гел за туширање..

Фокусирајте се на веѓите, трепките и тушот за очи

Кога немате време, а сакате да изгледате убаво, фокусирајте се на веѓите, тушот за очи и трепките. Навистина едноставно. Исчешлајте ги веѓите и ако има потреба ставете моливче за веѓи. Ставете тенка линија туш за очи и маскара и ќе добиете убав ефект на нагласени очи. Ако се фокусирате на овие три работи, ќе треба само уште да ставите малку балсам за усни или малку руменило. Вака, никој нема да знае дека сте биле во трка со времето.

 

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.01.2019 10:34:58 | NAMP2HLASPX01