Како да ја одржувате косата да ви биде здрава

Print
Како да ја одржувате косата да ви биде здрава
Тестирајте ја косата

Испитајте ја порозноста на вашата коса за да измерите колку апсорбира и задржува вода. Следниот пат кога ќе ја измиете и избришете косата со пешкир, поминете низ неа со рацете. Ако е многу мокра, тогаш веројатно е попорозна. Кога е косата порозна, таа се суши и лесно се оштетува. Со други зборови, порозната коса е кревка коса. Од друга страна, ако ви е косата прилично сува откако ќе ја избришете со пешкир, тогаш е помалку порозна и поздрава. Ако сакате да се забавувате, може да направите и брз тест така што неколку чисти, суви прамени коса ќе ги брцнете во сад со вода. Ако косата ви потоне по неколку минути, косата има висока порозност затоа што брзо ја апсорбирала водата и потонала. Ако косата лебди, тогаш има ниска порозност и е поцврста.

За да ја испитате еластичноста на вашата коса, истегнете надолу еден прамен додека е косата мокра. Колку повеќе можете ја истегнете косата, толку е таа поеластична и поздрава. Здравата коса, кога е мокра, ќе се истегне до 50% од нејзината оригинална должина и ќе се врати во својот нормален облик и големина без да се искине. Косата што не е здрава (сува коса) се истегнува само околу 20% од својата оригинална должина. Но, не заборавајте, никогаш не чешлајте ја косата додека е мокра. Ако ја чешлате мокра може да ја истегнете до точка на кинење, па затоа бидете внимателни.

Еве неколку едноставни начини како да имате цврста коса.

Со правилна исхрана до цврста коса.

Здравата исхрана е клучот за здрава коса. Најважен е протеинот бидејќи
косата е изградена од цврст протеин наречен кератин, што помага за
цврстината на косата, кожата и ноктите. Треба да се фокусирате и на
минералите во трагови, како што се бакарот, железото, магнезиумот и селенот,
како и витамините Е, Д и Ц. Овие нутриенти се важни за создавањето кератин.
Овошјето и зеленчукот богати со антиоксиданси, а исто и здравите масти, се
одлични извори на витамини. Одличен извор е и рибата затоа што омега-3
масните киселини го потпомагаат растот на косата.

Сите шампони не се создадени за сите видови коса.

Изберете шампон што одговара на вашиот тип коса за да ја зацврстите косата.
Изберете нежен шампон и кондиционер за да ја регенерирате косата и таа
повторно да стане цврста и здрава. Изберете производи што не содржат
сулфати и за кои со клинички испитувања е докажано дека ја зацврстуваат
косата. Настојувајте да избегнувате производи со многу хемија, бидејќи ја
оштетуваат косата. Барајте понежни состојки како што се алоја вера, ши путер
и микропротеини од растително потекло што помагаат за омекнување и
зајакнување на косата.

Ставајте почесто кондиционер.

Дури и во деновите кога не ја шампонирате косата, ако ви е косата влажна,
ставете малку кондиционер. Тоа ќе ви помогне да ја задржите влажноста на
косата што ѝ е многу потребна. Кога водата ќе испари, за жал, ја извлекува
влажноста од внатрешноста на влакната и предизвикува нивно сушење и
ослабнување. Пробајте еднаш неделно да си правите третман за длабоко
кондиционирање на косата, на пример: 4 лажици кокосово масло и 2 лажици
чист мед, измешајте ги, затоплете ги и нанесете ги на штотуку измиена коса,
исушена со пешкир. Ставете капа за туширање и оставете ја така косата околу
20 минути пред да ја исплакнете. Ова е одлична алтернатива за третман со
кондиционер од продавница.

Совет: Кога ставате кондиционер, исцедете го вишокот вода од косата пред да
го нанесете. Ако е косата заситена со вода, нема да може да го апсорбира
кондиционерот.

Потшишајте се.

Како што косата старее, така врвовите повеќе се расцветуваат. А ако косата ви
е оштетена, ишишајте ги оштетените делови. Со редовно потшишување косата
ќе ви изгледа поздраво, а ќе спречите и уште поголемо расцветување нагоре
по влакната.

Избегнувајте топлина.

Сите користиме фен и пегла за коса за да изгледаме убаво. Но, ако сакате
здрава, цврста коса, избегнувајте топлина бидејќи косата може брзо да ви
изгори и да се оштети. Користете спреј за заштита од топлина и чистете го
приборот за коса со алкохол за да ги отстраните остатоците од производи, што
со текот на времето може да ви ја оштетат косата.

Ако сакате да ја зацврстите косата, водете сметка и за уште неколку работи:

  • Избегнувајте да ја врзувате косата силно со стегач, бидејќи на тој начин косата се кине.
  • Штитете ја косата од УВ зраци кога излегувате надвор на сонце. Сонцето ја омлитавува косата и таа станува сува и кревка. Настојувајте да носите капа кога сте излезени надвор на сонце.
  • Заштитете ја косата кога пливате. Хлорот ја ослабува косата, затоа навлажнете ја косата пред да нурнете во вода. Нанесете некој производ, па дури и кондиционер, за да ја заштитите. Ако ништо друго, секогаш може да ставите капа за пливање.
Кога станува збор за косата, ноктите, кожата, најважна е цврстината. Затоа, почнете практики за секојдневна нега за да се чувствувате и за да изгледате апсолутно најдобро.
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 22.02.2019 16:56:39 | NAMP2HLASPX01