Како да се справите со мрсната кожа

Print
customer-newsletter-feb2018-4

Изберете соодветно млеко за чистење за мрсна кожа

Првиот чекор од секој режим за нега на здрава кожа е чистење на лицето. Изберете млеко за чистење лице наменето за мрсна кожа и чистете го лицето со млака вода двапати на ден — наутро кога ќе се разбудите и пред да си легнете.

Нанесете прајмер

Изберете прајмер со матирачки ефект што ја намалува појавата на непријатен сјај. Воедно ќе ви помогне рамномерно да ја нанесете шминката и ќе ја спречи појавата на вишок маснотии. Денес, прајмерите содржат одлични состојки и нивната улога не е само да помогнат во нанесување на шминката, туку многу повеќе. Побарајте прајмер што содржи антиоксидансни витамини што ќе ви помогнат во борбата против слободните радикали.

Задолжително користете млеко за сончање

Без оглед на сè, не смеете да го прескокнете млекото за сончање. Иако во минатото се сметаше за непријател број 1 на мрсната кожа, веќе не е така. Млеката за сончање поминаа низ многу фази на истражување и сега имаат подобрена формула што брзо се впива. Голем дел од нив се помалку мрсни и не создаваат чувство на мрсна кожа што свети откако ќе се намачкате. Всушност, некои создаваат пријатно чувство како да имате нанесено пудра во прав што е одлично за мрсна кожа. Ако сакате да имате здрава, младешка кожа, многу е важно да користите млеко за сончање. Затоа, изберете го она што најмногу ви одговара.

Не нанесувајте преголема количина

Сите имаат проблем да определат колкава количина од производот да нанесат. Повеќето од нас нанесуваат мала количина од производите за лице, кога станува збор за серум, дневен и ноќен крем. Преголема количина од производот може да ја направи кожата да свети.

Еве еден брз трик како да бидете сигурни дека ќе нанесете доволна количина и дека нема да претерате. Ставете по малку на овие 5 места на лицето: на челото, на носот, на брадата и на образите. Потоа само размачкајте нагоре и нанадвор: нагоре-спротивно од гравитацијата и нанадвор-насекаде до линијата на косата. Оставете да се исуши. Ако по ова чувствувате дека на некое место треба да ставите повеќе, ставете само на тој дел. Секој ден вака си ги нанесувам производите за лице. Од некоја причина секогаш ми треба повеќе хидрантен крем на левата страна од челото. Убедена сум дека ова е поради тоа што овој дел од лицето најмногу ми е изложен на сонце додека возам и со текот на годините му треба повеќе нега.

Ставајте маска од глина

Маските може да ви бидат од голема помош ако имате мрсна кожа. Не мора да ставате секој ден, ставајте отприлика еднаш неделно и ќе имате делотворен ефект врз кожата. Глината со бентонит ми е омилена затоа што е позната по своите апсорбирачки и тонирачки својства. Ги отстранува маснотиите, нечистотиите и мртвите клетки од кожата. Ова го спречува затнувањето на порите, што на крај доведува до појава на акни. Покрај ова, добрата маска од глина ги стеснува порите.

Уште неколку совети како да се справите со мрсната кожа

• Наутро и навечер пред да си легнете користете тоник што не содржи алкохол за баланс на кожата.
• Имајте впивливи марамчиња или пудра во прав при рака за да го отстраните вишокот маснотии.
• Не нанесувајте преголема количина од производите за кожа или премногу производи. Побарајте хидрантен крем или серум што содржи SPF за да не мора да се мачкате со уште еден производ.
• Секогаш бирајте козметички производи со матирачки ефект. Сè што може да ви помогне во апсорпција на маснотиите или да го намали непријатниот сјај ви е од голема корист.
• Не е толку лошо да имате маснотии на кожата. Дефинитивно ја намалува појавата на ситни линии и брчки. Не е добро само кога имаме премногу маснотии и кожата почнува да изгледа мрсно, но тоа може да го решиме со дадените совети.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 19.01.2019 10:33:53 | NAMP2HLASPX01